ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за извештајот на ЕК, Гир вели дека тој е праведен
РЕАКЦИИ ИМА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА
Зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето, недоверба во судиите во Македонија. И денеска политичките чинители го коментираат извештајот на Европската Комисија (ЕК).
Евроамбасадорот Дејвид Гир го коментира извештајот на ЕК како искрен и правичен. На вкупно 121 страница конкретно за Македонија се нотирани забелешките дека нема напредок во поравосудството, политичката поларизација која се рефлектира и врз работата на законодавниот дом како и борбата против корупцијата. Гир изјави дека власта го злоупотребува европското знаменце, за закони кај кои нема никакво усогласување со европската регулатива.
Гир не пропушти прилика да потсети дека остануваат и обврските за носење на уставните измени.Извештајот на Европската комисија, сосема очекувано предизвика лавина реакции во јавноста.
Сега се огласи и екс пратеничката Солза Грчева.
„После ваков катастрофален извештај од ЕК, Таче со целата булумента треба да си ги спакуваат куферите и да распишат итно избори.РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ УЧЕНИЦИ СО САЛМОНЕЛА
Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје - Скопје.
- Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да денеска имаме уште три нови евидентирани случаи. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Коменски“ и уште едно училиште. Сите овие случаи се со потврдени резултати, не само клинички, туку и лабораториски - појасни таа.УЈП ГИ БЛОКИРАШЕ СМЕТКИТЕ НА 700 РАБОТОДАВАЧИ
Од Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со медиумите информираа дека на 700 работодавачи во тековната година им биле блокирани сметките поради неисплатени плати навремено.
Најмногу блокирани сметки имало кај угостителите - 240, а потоа по дејности следувале транспортот, адвокатските дејности, поправка на возила, фризерски салони итн.
Кај септемвриската плата 3.730 работодавачи не ги исплатиле своите 8.673 работници, а над 5.000 фирми воопшто не поднеле до УЈП пресметка за месечниот доход на 8.460 вработени.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Странци од различни земји веќе работат во Македонија и тоа во повеќе сектори. Од Агенцијата за вработување потврдуваат дека заклучно со 6 ноември годинава, се издадени 4.629 работни доволи на странски државјани. На македонскиот пазар на труд има турски, косовски, албански, индиски, но и руски и украински работници.