Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите по посетата на Курти, тој вели собирите не биле против никого

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите по посетата на Курти, тој вели собирите не биле против никого

БУРНИ РЕАКЦИИ ЗА ПОСЕТАТА НА КУРТИ И ВЕЕЊЕТО ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Македонија е земја, партнер, сојузник и пријател со заеднички интегративни цели во Европската Унија.

Тој додаде дека во петокот бил во нашата земја на покана на градоначалниците на Чаир и Тетово.

„Беше одлично за нас. Овие средби не се одржуваа како средби и собири против никого. Со добри односи меѓу нас, никој нема да настрада. Останатите изјави не ги коментирав, но секогаш ја изразувавме нашата подготвеност за соработка“, рече Курти.

Професорката Мирјана Најчевска со остра реакција за доаѓањето на косовскиот премиер Курти во земјава.

„Дали името на Демачи е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата?

Ако не е тогаш преименувањето е ништовно. Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово.

Македонските политички субјекти кои го користат Курти за подигање на сопствениот рејтинг се претставуваат како екстремни националисти кои не можат да бидат дел од изградбата на европска Македонија.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска бара улица што ќе го носи името на Тодор Александров во Приштина, откако Втора македонска бригада е преименувана во Адем Демачи. 

Како што соопштија од Град Скопје, денеска градоначалничката до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата Втора македонска бригада која претходниот состав на советот ја променил во Адем Демачи, а за која Владата дала согласност за промена.

Орхан Муртезани од партијата Алтернатива порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

ВЕЛЕШАНЕЦ Е ЗАРАЗЕН СО КОНГО-КРИМСКА ТРЕСКА

42-годишниот велешанец, кој е трет случај во Македонија со конго-кримска хеморагична треска најверојатно се заразил по каснување од крлеж додека рибарел покрај Вардар, информираше денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ. Таа напомена дека пациентот има рана, но не е ни свесен дека е каснат од крлеж, посочувајќи дека ова вирусно заболување дефинитивно го пренесуваат овие паразити.

РУБЉАТА ПОТОНА

На Русија и треба силна рубља, а лабавата монетарна политика е виновна за нејзиниот сегашен пад, изјави денеска Максим Орешкин, економски советник на рускиот претседател.

Курсот на доларот на Московската берза утринава надмина 100 рубљи, првпат од 23 март минатата година, јавуваат руските агенции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во време кога пензионерите бараат покачување на пензиите и протестираат за таа цел, прашавме некои од нив како опстануваат. Дел од нив велат дека помагаат на своите деца кои немаат стабилни и добри примања, но има и обратни случаи, кога децата финансиски помагаат на своите родители пензионери затоа што малите пензии не им стигаат.


Слично

Поврзани вести