Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат коментарите за оставката на Заев, од неговиот кабинет велат дека таа брзо ќе се ефектуира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат коментарите за оставката на Заев, од неговиот кабинет велат дека таа брзо ќе се ефектуира

КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ОСТАВКАТА БРЗО ЌЕ СЕ ЕФЕКТУИРА

Премиерот Зоран Заев нема намера да чека до декември, туку оставката ќе се ефектуира наскоро, велат од неговиот кабинет. 

Оттаму додаваат дека оставката е јасен чин на преземање одговорност. Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Заев во неделата најави дека се повлекува од премиерската и од функцијата лидер на СДСМ, поради исходот од локалните избори, на кои претрпеа пораз. 

Правдата е многу болно прашање и Заев мораше да го реши во времето што го имаше на премиерската функција, вели Николај Крастев, новинар и меѓународен аналитичар, во емисија на бугарската подружница на телевизијата Блумберг.

Грција порачува дека властите се менуваат, но договорите мора да се почитуваат, алудирајќи на Договорот од Преспа. 

МНР РЕАГИРАШЕ ОТКАКО СОВЕТНИЦИ ПОТПИШАА ИЗЈАВИ СО НАЗИВОТ „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Министерството за надворешни работи е загрижено по актот на советниците од Левица кои во општините Штип и Аеродром потпишаа свечени изјави со називот „Република Македонија“. 

МНР бара да се почитува Преспанскиот договор  и да не се нарушува меѓународниот углед на државата. Според Уставот, велат од таму, тоа треба да го почитуваат и локалните самоуправи.

„Министерството за надворешни работи, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Преспанскиот договор, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија“, реагира министерството.

ДЕНЕС ИМА 593 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
БЕСИМИ НАЈАВИ НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Владата ќе го сервисира долгот следната година со пари од домашни и странски извори, објави министерот за финансии Фатмир Бесими презентирајќи го денеска буџетот за 2022 година. Рече дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3 проценти од БДП или 33,5 милијарди денари или 544, 4 милиони евра. Ќе се враќаат и 11,6 милијарди денари (188 милиони евра) веќе позајмени пари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во градот познат по јаболкото многу тешко се продава недвижниот имот. Во Ресен, има куќи кои се ставени на продажба пред 5 или 10 години, но сѐ уште не се продадени.

Данела Арсовска е новиот градоначалник на Градот Скопје и првата жена во историјата на независна Македонија која по 30 години ја добива шансата да раководи со метрополата. Таа на вториот круг од овие локални избори освои 118.749 гласови, што е за 28.077 гласови повеќе од нејзиниот противкандидат од СДСМ.

Владата дала одобрение да се купи дел од недвижниот имот на поранешна „Македонија Табак“, кој сега е во сопственост на една од деловните банки во Македонија како поранешна хипотека, за во истата да се смести Агенцијата за национална безбедност.

Дипломирани и лиценцирани доктори по медицина кои до министерот за здравство, Венко Филипче, упатија птворено писмо, посочуваат дека цели четири месеци, седат дома без работа бидејќи чекаат на реализација на задолжителната платената пракса. Обраќајќи се лично Филипче,  велат дека може веднаш да почнат да работат во КОВИД центри, вакцинални пунктови, брза помош, секаде каде што недостасува кадар.

Слично

Поврзани вести