ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не доаѓале на работа, земале плата, а фалат и лаптопи во Министерството за односи меѓу заедниците
РЕВИЗОРИТЕ ОТКРИЈА НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ
Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството.
ДЗР денеска на својата веб страница објави извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за односи меѓу заедниците на сметката на основниот буџет (637) за 2024 година и ревизија на усогласеност на тема „Јавни набавки во Министерство за односи меѓу заедниците (претходно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) во 2023 година.
Како што соопшти ДЗР, изразено е неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.ВИКТОР СТОЈАНОВ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ШИРЕЊЕ ГОВОР НА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г од Кривичниот законик.
Од Агенција за национална безбедност соопштија дека пријавата следува по претходно обезбедени информации за субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза. Акцијата била спроведена во координација со Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија и Основно јавно обвинителство Скопје.САМО 25 ОТСТО ОД ДЕЦАТА СЕКОЈ ДЕН ЈАДАТ СВЕЖО ОВОШЈЕ
Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 - годишна возраст во Северна Македонија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на дебелината.
Од Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина - што е над просекот на Eвропскиот регион, 25 проценти и 11 отсто, соодветно.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
