Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска доби двегодишна затворска казна

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска доби двегодишна затворска казна

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ ДВЕГОДИШНА ЗАТВОРСКА КАЗНА

Oткако Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, таа се јави со реакција на социјалните мрежи. 

„Судот денес го огласи за виновен за сторено кривично дело – насилство и му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, на насилникот Сулејман Љамалари за физички и вербален напад, нанесување телесни повреди и упатување сериозни закани. Продолжена му е и мерката притвор. Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник. Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена“, пишува Арсовска. 

ПРОДОЛЖЕН Е ПРИТВОРОТ ЗА РОДИТЕЛОТ КОЈ ТЕПАШЕ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ШТИП

Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август  на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев потврди дека на лицето А.А од Скопје веќе му е продолжен притворот од 30 дена, по што по скратена постапка ќе следи и судење.

Закажано е и судското рочиште во штипскиот Основен суд на 18 септември.

ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ ИМ ПИША ПИСМО НА КОЛЕГИТЕ ВО БРИСЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев упати писмо со кое ги информира своите колеги од земјите-членки на Европската Унија, како и од европските институции, за како што вели, најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус. 

Пишува дека Бугарија изразува растечка загриженост за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија.

„Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја, како што самиот Европски совет постојано инсистираше“, се потенцира во писмото.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Навредливи националистички скандирања на трибините, „глуви“ политичари и зачестени меѓуетнички инциденти и тензии. Оваа слика како да се повторува пред секои избори во последните десетина години, а во главна улога се навивачките групи, особено тие кои се под контрола или влијание на центрите на моќ, особено меѓу партиите и безбедносните органи.

Граѓаните од помалите градови велат дека се случува да бараат одреден производ на пазарите, а да не можат да го најдат. Ова се однесува за намирници како рен, брокули, боранија, бамји, блитва и слично.

Стручната јавност во Германија деновиве ја отвори темата за една од најголемите буџетски дупки во поновата историја на оваа држава – околу 30 милијарди евра за 2027 година. Оваа бројка е загрижувачка, бидејќи Германија не е било која држава, туку економски мотор на Европската унија. Кога моторот на Европа ќе заглави, сите вагони на Балканот ја чувствуваат тежината. И токму затоа, оваа тема е важна и за Македонија.

На помалку од 500 метри од локацијата на која „Зока Енерџи Солушн“, како стратешки проект требаше од отпад да прави електрична енергија, друга фирма се обидува да добие дозвола за нова фабрика, овојпат за согорување на 35 тони пластика дневно, а од која според планот доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање, треба да се прави пиролитичко масло и син гас, а се остава можност и за производство на електрична енергија.

Слично

Поврзани вести