Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најдена е исчезнатата Енкеледа Чела, а Интерпол распиша жолта потерница по Данка Илиќ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најдена е исчезнатата Енкеледа Чела, а Интерпол распиша жолта потерница по Данка Илиќ

ДЕВОЈКАТА ОД АЛБАНИЈА КОЈА ИСЧЕЗНА Е НАЈДЕНА ЖИВА И ЗДРАВА

Пронајдена е жива исчезнатата дваесетгодишна студентка од Албанија. 

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која вчера е пријавена за исчезната е пронајдена жива. 

„Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето“, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

ИНТЕРПОЛ РАСПИША ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ДАНКА ИЛИЌ

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче од Бор. Интерпол распиша жолта потерница по исчезнатата Данка Илиќ, објави на социјалните мрежи претседателот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца, Игор Јуриќ.

На веб-страницата на Интерпол има опис на девојчето, но и дека има бенка на левата надлактица и бенка на левото уво.

Девојчето исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики

РУСИТЕ АПСЕА ВО ДАГЕСТАН

Русија уапси три лица во антитерористичката операција во Дагестан. Операцијата продолжува.  Засега нема загинати во операцијата. 

„Безбедносните агенции уапсија тројца бандити кои планираа серија терористички злосторства. При увидот на местото каде што се фатени криминалците, пронајдено е автоматско оружје, муниција и импровизирана експлозивна направа подготвена за употреба“, пренесуваат руските медиуми. 

Претходно Комитетот објави дека безбедносните служби блокирале осомничени криминалци во неколку станови во станбените квартови на регионалната престолнина Махачкала и во еден од најголемите градови во каспискиот регион.

Слично

Поврзани вести