Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари

ЛУКАРЕВСКА ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА СПРЕЧЕНАТА ИЗМАМА

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска брифираше пред медиумите дека три компании од липковско-кумановскиот регион пробале да исцрпуваат пари од државата со фиктивни фактури за поврат на ДДВ преку мрежа на бензински пумпи.

Се регистрирале дека извршуваат дејност продажба на нафтени деревати, а немале ниту лиценци, ниту вработени. Како што започнала акцијата на УЈП, така се менувало сопствеништвото на фирмите, криејќи се зад косовски и хрватски државјани. Нивната работа била добро искоординирана со заедничко сметководствено биро.

Обидот од државата да се одземат 160.117.122 денари бил осуетен од УЈП и спречен. Кога почнале контролите од УЈП, почнале и промените на сопственичките структури на трите фирми. Како што влегувале инспекторите, така македонските државјани, фирмите ги префрлиле на хрватски и косовски државјани. 

СЕМЕЈНИ ВРАБОТУВАЊА ВО М-НАВ

Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски и снаата на вицепремиерот Атан Груби и други роднини на поранешни министри и пратеници се вработени во М-НАВ, објави тв емисијата „Код“ на ТВ Телма.

Како што беше објавено во емисијата, „таму од поодамна е вработена сестрата на министерот Османи, снаата на Груби и на екс пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими како и внук на Николовски, објави „Код“.

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН ЗА ЛИЧНИТЕ КАРТИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска  ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за ставање вон сила на Законот за промена на личните документи, каде стои дека рокот за обновување со новото уставно име е до 13 февруари.

Од опозициската партија бараат Уставен веднаш да свика седница и да ја стави вон сила законската уредба со која старите лични документи престануваат да важат на средината на идниот месец.

Ваквата иницијатива следува откако стана јасно дека до следниот месец е невозможно сите граѓани да ги променат личните документи и да извадат нови со новото уставно име.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секогаш може подобро, но за производителите на костени, оваа сезона беше солидна. Велат дека родот не беше лош, а костените веќе ги продале. Некој ги продава на големо, некој на мало, а цените варираат.

Македонската ракометна репрезентација ја хранат со ракометари трите најдобри клубови од домашната супер лига. Буџетите на трите најдобри клубови се вкупно 3,4 милиони евра и со тие пари, во 2022 година, се играл најквалитетниот македонски ракомет. 

Од можните максимални 930.000 евра, Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој се одржа во декември во Скопје, исплати речиси 600.000 евра за изнајмување на ВИП автомобили со кои се возеа делегациите на земјите членки на оваа организација.


Слично

Поврзани вести