ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над 1.200 гостиварчани побараа лекарска помош, АХВ ја забрани водата за пиење, а Обвинителството го истражува случајот
ВО ГОСТИВАР НАД 1.200 ГРАЃАНИ ПОБАРАЛЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ
Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата, вели градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
„Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. По добиената пријава, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршија дополнителен увид и земаа нови примероци за лабораториско испитување. До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува. Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните. Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа. Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции. Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод.
Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи. Општината е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката“, пишува тој.РИСТОСКА ВЕЛИ ДЕКА ТОА ШТО ГО КАЖА САВЕСКИ ЗА НЕА И ЗА „ТАЛИР 2“ НЕ Е ТОЧНО
Обвинителката Ленче Ристоска го демантира денешното тврдење на државниот обвинител Ненад Савески дека предметот „Талир 2" ќе бил во нејзино надлежно постапување доколку не поднела оставка.
МЕЧКА НАПАДНАЛА МАЖ ВО РЕСЕНСКО
МВР објави дека полицијата добила пријава за напад од мечка во ресенско, а човекот завршил во болницата во Битола.
„Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка.
Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Фото: СВР Тетово
