Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Национални шуми“ бара да вработи дрвосечачи Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија и Кавадарци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Национални шуми“ бара да вработи дрвосечачи Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија и Кавадарци

„НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ БАРААТ АЛБАНЦИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО БЕРОВО, КРИВА ПАЛАНКА, ДЕМИР КАПИЈА И КАВАДАРЦИ

Нови 355 вработувања ќе се реализираат во „Македонски шуми“. Во македонски општини ќе се вработуваат Албанци. 

Според најновиот оглас на „Македонски шуми“, за правична застапеност се бараат 12 сечачи Албанци, во општина во која според последниот попис живее само еден Албанец.

Освен Берово, според огласот се забележува и дека Албанци се бараат и во други општини, како Крива Паланка, Демир Капија, Кавадарци…

ОБВИНЕНИЕ ЗА 18 ЛИЦА ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.

„Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани.

 Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи“, велат од Обвинителството. 

УКРАИНА ПОГОДИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА, ИМА ЖРТВИ

Снимен моментот кога украински проектил го погодил божиќниот базар во рускиот град Белгород. 

Украинските вооружени сили денеска попладне извршија напад врз рускиот град Белгород. Руското Министерство за вонредни состојби извести дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени. Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради. Еден од проектилите паднал на лизгалиштето, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави Телеграмскиот канал База.

Слично

Поврзани вести