Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Табановце е уапсен Драган Даравелски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Табановце е уапсен Драган Даравелски

УАПСЕН Е ДАРАВЕЛСКИ

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски ќе помине само една ноќ во затвор, затоа што казната му застарела. 

Даравелски, кој денеска е уапсен на граничниот премин Табановце, веројатно ќе помине само една ноќ во затворот „Идризово“, бидејќи му застарило извршувањето на казната, објави „Фокус“.

Тој е осуден на седум години затвор за милионски злоупотреби во времето кога беше директор на Царината, од 1999 до 2002 година. Од 2007 година, кога му беше изречена пресудата, беше во Белград.  Тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Од сторувањето на делото според Кривичниот Законик се поминати 20 години, а од правосилноста на казната веќе поминале повеќе од десет години, што и автоматски значи дека Даравелски нема да ја отслужи затворската казна, бидејќи таа застарела, пишува „Фокус“.

Фактор претходно објави Досие за тоа кој е Даравелски. 

ВЛАДИМИР ТАЛЕВСКИ Е ОДНЕСЕН ВО ЗАТВОР

Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески вчера е спроведен во прилепскиот затвор. 

Тогашниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски е однесен во битолскиот затвор. Талески треба да одлежи четири години за случајот „Транспортер“.

Во согласност со последната одлука на Апелацискиот суд, Талески и Бончаноски се единствените осудени со казни затвор во случајот „Транспортер“. Затворските казни за дел од превозниците, Апелација ги преиначи во условни казни. Талески и Бончановски досега беа во домашен притвор од летото 2016 со прекини до вчера, на екс-градоначалникот му останува да одлежи ефективна казна затвор од уште 4 години,  за злоупотреба на службената положба и овластување за криминал направен со бесплатниот ученички превоз во Битола, а на Бончановски од изречените 5,6 години казна затвор, му остануваат да одлежи уште 2 години и девет месеци. 

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЖАН МИТРЕВ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство.

На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зголемувањето на прагот за поврат на ДДВ за сите лица кои скенираат фискални сметки зависи од собраниските пратеници. Скенирачите ќе можат да остварат поголем поврат од досегашниот, штом измените на Законот за вражање на дел од данокот на додадена вреднсот на физичките лица го помине собранискиот филтер.

Десет милиони евра годинава како дополнителна сума ќе ја плаќа Јавното претпријатие Државни патишта кон кинеската Ексим банка за автопатот Кичево - Охрид чија изградба, барем според последниот анекс-договор, треба да заврши до крајот на 2023.

Посетителите го разгледуваат изложбениот штанд на Standard Chartered за време на изложбата во Шангај

Се отвора кинескиот пазар на фјучерси за државни обврзници, што е уште еден доказ за се поголемото отворање на кинеската економија за странските инвеститори. 

Становите во Македонија не престануваат да поскапуваат. Народна банка на Македонија го објави податокот за последниот квартал од минатата година, кој говори дека годишната стапка на раст кај становите изнесува 20,6 отсто.

Слично

Поврзани вести