Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Онкологија несоодветно биле третирани 47 пациенти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Онкологија несоодветно биле третирани 47 пациенти

ОБВИНИТЕЛСТВОТО УТВРДИ ДЕКА НА ОНКОЛОГИЈА НЕСООДВЕТНО БИЛЕ ТРЕТИРАНИ 47 ПАЦИЕНТИ

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти.

Средбата, како што пбјавија од Обвинителството, била  со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување пациенти.

АЦО БОЦЕВСКИ-ЦИГАНОТ Е УАПСЕН ВО ГРЦИЈА

По 27 години бегство во Грција е уапсен Ацо Боцевски – Циганот.

Toj во 1998 година е осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими во центарот на Скопје. Откако беше пуштен во куќен притвор, избега од државата. Eдна од најстарите полициски меѓународни потерници е распишана по него. 

Беше во бегство повеќе од две децении, а сега е уапсен во грчкиот град Катерини, потврди полицијата. 

ВРХОВЕН СУД ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија.

Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа.

Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за судијата Африм Фидани посочија дека не сметаат дека е истакнат судија, но, имал конкретен акционен план со точно утврдени временски рамки кои се во насока да се подобрат состојбите.

СКАНДАЛ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО

Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра.

СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

ТОШКОВСКИ ДАДЕ ПОЈАСНУВАЊЕ ЗА УНИФОРМИТЕ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку својата официјална фејсбук страница, се огласи околу обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, објаснувајќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности.

Како што е познато, обвинувањата од опозициската СДСМ беа дека тендерот од 4 милиони евра го добиле две фирми, од кои едната со двајца вработени, а другата отворена 20 дена пред постапката, Тошковски образложи дека нивната логика е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Големите банки имаат најголеми профити, но поголем раст на добивките има кај некои од помалите банкарски институции.

Иако е еден од најзначајните природни ресурси на планетата земја, сепак, кон неа се однесуваме како да не е од животно значење. И покрај апелите и плановите за намалување на загубите на питка вода, и последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика открива дека имаме голем процент на неприходувани количини на питка вода.

Новите биогасни централи за производство на електрична енергија кои преку цела мината година активно испорачуваат струја за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме заработиле вкупно 430 милиони денари, односно нешто повеќе од 7 милиони евра во 2024.

Најголемите десет македонски увозници на нови возила лани оствариле вкупен приход кој надминува 400 милиони евра и тоа е резултат за почит.

Слично

Поврзани вести