Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На лидерската средба е постигната согласност за укинување на техничката влада за следните или за изборите потоа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На лидерската средба е постигната согласност за укинување на техничката влада за следните или за изборите потоа

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО МИНАТОТО

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото. 

„Имаше сугестија од еден од присутните да се направи консултација со меѓународната заедница. Но, генерално сите се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност дека сами можеме да носиме зрели одлуки. За мене ова е зрела одлука. Сепак не е мој личен карактер, ниту начин на размислувања тоа да не биде консензуално во рамките на пратеничките групи одлука којашто ќе се донесе. Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Доколку таа коалиција не го прифати ова носење на измени во Законот за Влада со што би се избришала техничката влада за следните парламентарни избори. Тој закон се менува со просто мнозинство во парламентот, со 61 глас „за“. Сепак мојот предлог беше да не го правиме тоа на сила, без нивна согласност туку да донесеме измени на Законот, по следните избори тогаш да не важи техничката влада. Ако толку тие инсистираат да важи за овие избори техничката влада, еве измените да не ги опфатат следните парламентарните избори, туку тие што ќе следат по тоа“, вели Мицкоски.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека е договорено начелно до крајот на пролетта, некаде во јуни, да се донесе нов Изборен законик. 

ФИЛИПЧЕ ИМА ПОИНАКОВ СТАВ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче попладнево на прес-конференција истакна дека укинувањето на техничката влада треба да се случи само тогаш кога ќе бидат донесени и имплементирани сите реформски закони.

Вели дека укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа. Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори како што рече не се прашања за политички пазар. 

САД ГО ЗАМРЗНУВА ИЗДАВАЊЕТО ИМИГРАНТСКИ ВИЗИ ЗА 75 ЗЕМЈИ, МЕЃУ НИВ Е И МАКЕДОНИЈА

САД привремено го запираат процесирањето на имигрантски визи за државјани од вкупно 75 земји, меѓу кои и Македонија, јавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен меморандум на американскиот Стејт департмент.

Според документот, конзуларните службеници добиле насока да ги одбиваат апликациите за имигрантски визи согласно постојниот закон, додека трае преоценка на процедурите за проверка и селекција на апликантите. Паузата ќе започне на 21 јануари и ќе трае на неопределено време, сè додека американските власти не ја завршат ревизијата на целиот систем за издавање имигрантски визи. 

НАЈГОЛЕМИОТ АМЕРИКАНСКИ ПЕНЗИСКИ ФОНД ИНВЕСТИРАЛ ВО ЕВРООБВРЗНИЦАТА

Министерството зафинансии издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 отсто за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 отсто за траншата со рок на достасување од 8 години.

- Ова се историски нанјиски маргини кои Министерството за финансии успеа да ги постигне. Во услови кога процентуално имаме најголем износ на јавен долг во однос на БДП, извојувавме и добивме најдобри резултати, речеминистерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во отпадите цената за килограм бакар се зголеми во согласност со движењата на берзите. Сега цената се движи од 400 до 500 денари за килограм.

По вчерашната информација дека на 31 декември 2025 година повторно е пуштен во функција продуктоводот Солун–Скопје, а првата пратка дизел веќе е испорачана по 13 години неактивност, откако системот беше надвор од употреба од 2013 година, директорот на АД Нафтовод, Радован Милососки, вели дека не станува збор за почеток на работата.

Последната аукција на Агенцијата за одземен имот судејќи според цените на возилата кои ги продавале може да се заклучи дека се одвивала според планот, па и подобро. Од податоците објавени на нивната веб страна, на продажба биле ставени вкупно девет возила, поточно осум возила и една полуприколка. Со оглед на фактот дека за сите нив е понудена повисока цена од почетната, очекувано е дека овие предмети кои ги поседувала Агенцијата се продадени.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести