Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На лидерската не е договорен датум за избори, Заев го спомна 21 јуни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На лидерската не е договорен датум за избори, Заев го спомна 21 јуни

НЕ Е ДОГОВОРЕН ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба се извини на граѓаните затоа што наместо да зборуваат за здравјето на луѓето, тие зборуваат за избори. 

Вели дека имале многу нови правни дилеми околу изборите. 

Рече дека од извештајот од Комисијата за заразни болести е разочаран. 

„Предложивме три термина, кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку во опасност и тоа се термини кои не се фиксни“, вели Мицкоски. 

Крај на август или септември, се период кој го предложиле за избори. 

„Имаше еден ултиматум од Зоран Заев, а ние под ултиматуми не работиме“, изјави Мицкоски. 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по завршување на лидерската средба кај шефот на државата, Стево Пендаровски изјави дека не се договорени избори, а за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека не треба да се извинува затоа што на негово барање е свикана лидерската. 

Заев вели дека вирусот ќе потрае, и мораме да се научиме да живееме со него. 

Тој рече дека се заканува и втор бран на заразени. 

СПОРЕД ЗАЕВ МОЖНО Е НА 21 ЈУНИ ДА ИМА ИЗБОРИ

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев најави дека е можно изборите да се одржат на 21 јуни, по денешната лидерска средба на која не е постигнат консензус за новиот датум за одржување на парламентарните избори.

Како што рече Заев, тоа се законските рокови, согласно со Уредбата на Владата за изборниот процес, која предвидува избори во рок од 22 дена од завршувањето на вонредната состојба.

„Вонредната состојба завршува на 30 мај, значи подгответе се за избори на 21 јуни. Тоа не значи дека нашата одлука е конечна. Ако може Мицкоски да гарантира дека во август или на 12 септември ќе нема ниту еден заболен од ковид-19 подготвени сме да разговараме и за тоа. Во спротивно нема да дозволиме да се прекршува Уставот на државата. Нема бегање од избори“, рече Заев.

Тој посочи дека почувајќи од 2008 до 2016 година во земјава постојано се одржувале предвремени избори, согласно политичката волја на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ТРИ НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОРОНА

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

- Скопје 7
- Прилеп 1.

Министерот Филипче соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. 

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука зазголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,56  отсто, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука, соопшти регулаторот. 

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лити ќе изнесува 54,50 ден/лит. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лити ќе изнесува 57,00 ден/лит. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Стопанска банка Скопје има „турбо квартал“: нето приходите од камати се 420.000 евра повисоки од лани и изнесуваат 15,1 милиони евра, кредитирањето е зголемено за над 50 милиони евра. 

Лекарите се согласни дека карантинот влијае на психо-физичката состојба на луѓето, а движењето и физичката активност им се најпотребни на постарите и на децата.

Државите во кои најчесто летувавме се уште ги токмат правилата кои ќе важат за странските туристи. 

Кога и како во Грција или во Хрватска, ќе се отворат ли границите, какви ќе бидат условите, ќе биде ли многу поскапо и покмплицирано, или можеби поевтино и не толку сложено, се прашањата кои ги мачат македонските граѓани.

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел - унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер. 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дефинирала нови мерки, единствено разговарале за можно отворање на кафулињата. 

Оттаму велат дека угостителските објекти, кафулињата најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменуваат дека утре дефинитивно ќе се знае.

Слично

Поврзани вести