Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На избори ќе гласаме со маски, а Филипче бара продолжување на вонредната состојба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На избори ќе гласаме со маски, а Филипче бара продолжување на вонредната состојба

ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСАМЕ

Комисијата за заразни болести изготви протокол за спроведување на изборната кампања и за денот на изборите. Протоколот ќе мора да се спроведува целосно и без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните. Сите лидери на лидерската средба се изјасниле дека здравјето на граѓаните е најважно и затоа очекувам сите партии, членовите на партиите и сите останати учесници целосно да го почитуваат протоколот.

- Протоколот предвидува дополнителни мерки за тоа како ќе се спроведува целиот изборен процес, кампањата, движењето и организацијата на собирите и на отворено и во затворен простор, како и самиот ден на изборите, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Активностите на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на досегашните мерки, а тоа се одржување на физичко растојание, заштитна маска , како и дезинфекција на рацете. Во однос на собирите, се препорачува да се користат разгласни уреди за да нема голема концентрација на граѓани. Кампањата врата на врата, исто така предвидува превентивни мерки, без влегување по домаќинствата, туку пред вратата или во дворот од куќата.

Партиските активности, кога може да се одржуваат на отворено, а во затворено да траат само два часа по што треба да се изврши целосна дезинфекција на просторот. На мобилните партиски штандови да не се собираат поголем број луѓе, и да не стојат повеќе од две лица, кои мора да носта заштитни маски.

Самиот ден на изборите ќе трае повеќе од два часа, односно затворањето на гласачките места ќе бидат затворени два часа подоцна од претходните избори.

СЕ БАРА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

На утрешниот состанок на Советот за безбедност, министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести ќе побараат продолжување на вонредната состојба.

-Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите, потенцираше Филипче.

Филипче кажа дека почнуваат регионали состаноци со цел за побезбедно патување, согласно препораките на Европската Комисија која вчера објави пакет мерки. 

Тој денес ќе оди на состанок со заменик-министерот за здравство на Грција, и ќе разговараат за досегашната припрема на здравствениот систем, и  за координцаија за отворање на границите и на аеродромите.

УСТАВЕН ЈА „ЗАМРЗНА“ ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧЕНО ДВИЖЕЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Уставен суд времено ја „замрзна“ мерката за ограничување на движењето за малолетни лица и пензионери. 

Уставниот суд на денешната седница ja „замрзна“ Уредбата на Владата за двете категории на граѓани кои ќе може да се движат како и останатите од 5 часот наутро до 19 попладне. За лицата до 18 години досега беше дозволено движење од 12 до 19 часот, а за лицата над 67 години од 5 до 12 часот.

Образложението од Уставниот суд е дека мнозинството на судии сметаа дека мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани. 

НОВИ 29 СЛУЧАИ НА КОВИД 19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира шест оздравени пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. 

Во Штип еден, во Велес тројца, и во Гостивар и Кочани по еден. 

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дури седум компании во Македонија заработиле повеќе од една милијарда денари од тендери за една година, според извештајот што го објави оваа недела Бирото за јавни набавки, кое очигледно му било потребно подолго време за да ги обработи податоците за 2018.


Карантинот кој има за цел да спречи ширење на Ковид 19, донесе и низа бенефити за овоштарите во Ресен и Преспа. 

Македонија е одлична бизнис дестинација во која има компании кои знаат да прават големи пари и ја имаат добитната комбинација да создадат високи профитни маргини – нирвана за нивните акционери или само сопственици. 

Годинава може да возиме по првите 20-тина километри, а целиот автопат Кичево-Охрид треба да биде пуштен во употреба како што беше и финалниот ветен рок, односно јуни идната година. 

Слично

Поврзани вести