ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Борче Марковски и на уште еден осомничен судот им одреди куќен притвор
КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО РЕК БИТОЛА
Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор.
Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор.Има нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола.
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.ВЕШТАЧЕЊА ЗА ПСИХИЧКАТА СОСТОЈБА НА РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството во случајот „Штекли“. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука на следното рочиште, закажано за 13 октомври 2025. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.
Вештачењата се однесуваа на психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штекли. Одбраната преку вештачењата тврдеше дека тој е психотичен и не е во состојба да ја следи главната расправа, додека, Oбвинителството преку вештачењата тврди дека тој е во добра здравствена состојба.ВО ИЗРАЕЛ И ВО ГАЗА ЛУЃЕТО СЛАВАТ ЗАТОА ШТО ДОАЃА КРАЈОТ НА ВОЈНАТА
Во Израел луѓето слават откако е објавено дека е постигнат договор за мир.
Во Тел Авив, владее еуфорична атмосфера додека стотици луѓе се собираат на Плоштадот на заложниците за да го прослават потпишувањето на договорот меѓу Израел и Хамас.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ако повикате оџачар за да го исчисти оџакот, ќе треба да платите најмалку 1.200 или 1.500 денари за услугата.