Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

ТРОЈЦА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска изјави дека тројца од повредените во пожарот во кочанската дискотека се на болничко лекување, а двајца се во тешка, но не и во критична состојба.

Ова го кажа по увидот во градежните работи на новото физикално одделение во општата болница во Кочани. 

Двајца од пациентите се на домашнo лекување, а шест повремено одат на контрола во болницата во Софија.

ЉАМАЛАРИ ТВРДИ ДЕКА АРСОВСКА ГО НАПАДНАЛА НЕГО, А НЕ ОБРАТНО

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска повторно беше на суд поради тепачката која претходно се случи во Чаир, каде маж ја нападна. 

Сулејман Љамалари тврди дека таа прво го нападнала него. Арсовска вели дека наместо да се извини, тој се прави невин и тврди дека таа него го истепала. 

Тој рече дека се обидел да го тргне телефонот на градоначалничката за да не снима, дека настапила вербална расправија и дека таа потоа го удрила со ногата. 

ИМА ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАТКОТО КОЈ НАПАДНА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ШТИП НА НАТПРЕВАР

Обвинителството поднесе обвинение против таткото тепач на малолетни фудбалери, кој во неделата, на крајот на натпреварот на младинците на ФК Шкендија и ФК Брегалница влезе на теренот и им нанесе тешки телесни повреди на двајца од фудбалерите на ФК Брегалница. 

„Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови “Брегалница“ од Штип и “Шкупи“ од Скопје, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, кои биле играчи во тимот на ФК “Брегалница“. На децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот. Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство – Штип претходно поведе постапка против него за сторено кривично дело – Насилство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Замислете го македонскиот здравствен буџет како брод кој постојано пропушта вода. Хроничните болести се најголемите дупки во овој брод, а недоволната превенција, недостигот на модерна терапија и недоволниот здравствен персонал се главните причини зошто ситуацијата секоја година станува сè полоша. 

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Откако деновиве се појави снимка направена во тетовско која покажува како мечка турка сандак со пчели, Диме Меловски од Македонското Еколошко Друштво(МЕД) ни објаснува дека мечките сакаат да јадат мед независно од тоа дали имаат или немаат доволно храна.

Државата ќе земе нов кредит од Меѓународната банка за обнова и развој кој ќе биде наменет исклучиво за Министерството за образование, поточно за унапредување на основното образование.

Додека партиите излегуваат со проверени партиски кадри, без поголеми изненадувања во номинираните кандидати за градоначалници, на независната политичка сцена големо внимание привлече кандидатурата на професорот Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје кој ќе настапи преку граѓанската иницијатива „Независни заедно“, што е големо освежување на политичката сцена.

Патот кај „Теферич“ е затворен за користење скоро 4 месеци. Забрането е движење на моторни возила поради оштетувања на патот и свлечиште на земјата. 

Слично

Поврзани вести