Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На аукција се продадени три стана и гаража на Мијалков

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На аукција се продадени три стана и гаража на Мијалков

НА АУКЦИЈА СЕ ПРОДАДЕНИ ТРИ СТАНА И ГАРАЖА НА МИЈАЛКОВ

Поранешниот директор на УБК навистина остана без своите три стана и гаражата, кои ги имаше огласено на продажба Агенцијата за управување со одземен имот. 

Денеска Агенцијта овие три стана и гаражата ги продаде преку електронско наддавање, и за нив инкасираше вкупна сума од 332 илјади евра. Станува збор за три стана со вкупна површина од 224 метри квадратни и гаража од 30 метри квадратни кои се наоѓаат во центарот на Скопје, веднаш под Панорама. 

Треба да се спомене дека овие продадени недвижности се само дел од имотот кој му беше одземен на Мијалков во предметот „Империја“ а нема официјална информација дали станива збор за еден или повеќе купувачи.

АНГЕЛОВ БАРА ОБЕШТЕТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА БРАНИТЕЛИТЕ

Претседателот на „Достоинство” Стојанче Ангелов денеска до Собранието достави Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обсештетување на 15-тина семејства на загинатите бранители од 2001 година како и на воени инвалиди кои останале необештетни. Тој очекува пратениците да дадат поддршка и повика истиот да се стави на дневен ред и да се изгласа по скратена постапка.

Со овој закон, како што рече, бараат по 70 илјади евра надомест на нематеријална штета за семејства на загинатите кои уште не се обештетени, и по 50 илјади за стопроцентен воен инвалидитет.

КРМОВ ТРЕБА ДА ПЛАТИ НАД 9.000 ЕВРА

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за скршените монитор и микрофон во Собранието. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти колку ќе треба да плати пратеникот за нередот кој неодамна се случи на седница. Крмов не може да се повика на имунитет, бидејќи имунитетот важи само за искажан збор на говорница. Според Џафери, ако Крмов не плати за нанесената штета во Собранието, има законски постапки.  

СЕ ОЧЕКУВА И ЛАВРОВ ДА ДОЈДЕ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК НА ОБСЕ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе дојде во Скопје на Министерскиот состанок на ОБСЕ, но нема да се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен нема да се сретнат на состанокот на ОБСЕ во Македонија оваа недела. Лавров претходно изјави дека ќе им се придружи на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги вклучува Канада и Соединетите Држави, во Скопје доколку Бугарија му го отвори својот воздушен простор. Бугарија ќе дозволи прелет, потврдено е попладнево.

 Тој кажа и дека некои западни земји побарале средби со него.

ИСЧЕЗНА ДЕВОЈЧЕ

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од девојчето Вања Ѓорчевска, која тргнала за на училиште но и се губи секаква трага. Девојчето учело во ОУ Песталоци во Центар.

На социјалните мрежи се огласи мајката со барање за помош.

„Утрово во 7.20, мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816.“ објави нејзината мајка на фејсбук.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенции веќе некое време се приспособуваат на новите околности на пазарот на труд во Македонија и целат кон тоа преку посредување да донесат што е можно повеќе работници од Далечниот Исток, иако не може да се каже дека се којзнае колку етаблирани, бидејќи оваа дејност сеуште е во развој.

Што да очекуваме од „Македонијапат“? Имаме ли емпатија спрема луѓето кои работат за просечна плата помала од 500 евра на отворено, на минусни температури под снежна опсада, без работно време дење – ноќе, со опрема и средства кои очигледно не се доволни да стигнат секаде во исто време.

Расте интересот кај младите да ја подобрат својата финансиска писменост. За ова сведочат и податоците на Народната банка. Од оваа институција одржуваат предавања на темата за основци, средношколци и студенти.

Министерството за финансии денеска ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.


Слично

Поврзани вести