ФАКТОР НА ДЕНОТ: На 19 ноември почнува судењето за пожарот во „Пулс“
НА 19 НОЕМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Основниот кривичен суд Скопје извести дека е закажано судењето за пожарот во Кочани.
Како што информираат оттаму, главната расправа за кривично правниот – предмет со К.бр. 1872/25 поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово.
ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА ЛИЦЕТО КОЕ УРНА ДЕЛ ОД КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ
Полицијата потврди дека е поткопан темелот на куќата на Владо Малески во Струга, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.
„На 15 октомври 2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци“ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од полицијата.OСУМНАЕСЕТ ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонците иако често се жалат поради скапотијата, сепак не се откажуваат од правење зимници.
