ФАКТОР НА ДЕНОТ: МВР воведе дрес-код, без шорцеви, влечки и тренерки ќе се оди во Одделот за граѓански работи
МВР ВОВЕДЕ ДРЕС-КОД
Министерството за внатрешни работи(МВР) ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.
„Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции“, велат од МВР.
Истовремено, напоменуваат дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.ФИЛИПЧЕ БАРА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕУ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска ја повика власта да распише референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за иднината на земјата и за интегративниот пат кон Европската Унија(ЕУ). Според Филипче, граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Тој нагласи дека не се работи за политичко прашање, туку за референдумско за секој граѓанин.
„Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите што живеат во државата. Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Затоа граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина“, рече Филипче на денешната прес-конференција.Владата го одби Филипче.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело“, порачаа од Владата како одговор на барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за членство во Европската Унија.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГИ ПОТВРДИТЕ ВАШИТЕ ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година.
- Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба.
По истекот на рокот, односно од 02 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи - се посочува во сооштението.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
