ФАКТОР НА ДЕНОТ: Муцунски најави изненадување за визниот режим со САД во следните 6 месеци
МУЦУНСКИ НАЈАВИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ВИЗИТЕ СО САД
Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 21 јануари ќе ја суспендира обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Русија, Сомалија и Македонија. Одлуката е дел од директивата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за спречување на имигранти кои би можеле да станат „јавен товар“ за државата.
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денес пред новинарите рече дека станува збор за мерка само за иселеничките визи.
- Се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи.Тоа не е прекин или „црна листа“, туку пауза само за иселенички визи. Тоа не влијае на сите други постапки за визи, рече Муцунски.
Тој додаде дека бизнисмени или студенти ќе може слободно понатаму да аплицираат.
ЈОШЕВСКА-АНАСТАСОВСКА И КАДРИ-ШАХИНОВИЌ ДАДОА СВЕЧЕНИ ИЗЈАВИ
Новоизбраните членови на Судскиот совет, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.
ЗИМСКИОТ РАСПУСТ НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ ПОРАДИ ГРИПОТ
Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецот до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на заболени почна неколку недели порано од очекуваното, изјави денеска раководителот на одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински.
БЕБЕ ПОЧИНА ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ
Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче.
Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У.М. на возраст од два месеца кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.
СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
