ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мостот Беласица е затворен за сообраќај и за пешаци
МОСТОТ БЕЛАСИЦА Е ЗАТВОРЕН
Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите. На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата.
-Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна. Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов.ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА
Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, како првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“ е ослободена од вина во денешната пресуда од Основниот кривичен суд Скопје.
ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ НАПИШАЛО ЗАКАНИ НА УЧИЛИШНА КЛУПА
Во Скопје 10 годишно дете на клупа во училиште напишало заканувачки текст, по што полицајци разговарале со него.
Полицијата соопшти дека денеска полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи. Полицијата вели дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Рафинеријата ОКТА да исплати дивиденда на вкупна сума од три милиони евра.
