Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мирна новогодишна ноќ во Македонија, првото родено бебе е машко

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мирна новогодишна ноќ во Македонија, првото родено бебе е машко

НОВОГОДИШНАТА НОЌ ПОМИНА МИРНО

Во Македонија имавме генерално мирна новогодишна ноќ, а на бесплатниот телефон регистрирани се вкупно 62 пријави. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во текот на ноќта се регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, а немало сообраќајни незгоди со смртни последици. Имале девет пријави за недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица во приватни објекти.

„На бесплатниот телефонскиот број, кој го промовиравме како проект за пријавување на какво било нарушување на здравствените протоколи, од 28 декември во 12:00 часот до 1 јануари 11:00 часот, се регистрирани 62 пријави. А во периодот од 19:30 часот на 31 декември до 8 часот на 1 јануари 2021 година, имало 22 пријави. Контролирани се 288 угостителски објекти во Скопје и има двајца приведени“, изјави Спасовски.

На целата територија на државата се регистрирани 16 кривични дела, од кои пет на подрачјето на СВР Тетово, по три на подрачјето на СВР Скопје и СВР Охрид, и СВР Струмица и по едно на СВР Велес и СВР Штип. На подрачјето на СВР Куманово нема регистрирано ниту едно кривични дела. Од нив пет се за непостапување по здравствените протоколи за време на епидемија, констатирани при контроли на угостителските објекти.

Мирна новогодишна ноќ имале здравствените работници. 

„Две машки деца во една минута по полноќ, а само една минута подоцна родено е и првото женско дете во 2021 година“, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

На Токсикологија завршиле 10 луѓе, што е намалување на бројот од минатите години. Дури шест од нив се малолетници, а речиси сите, освен еден пациент се на возраст од 16 до 22 години. Половина биле мажи, а половина жени.

МИНУТА ПО ПОЛНОЌ СЕ РОДИ МАШКО БЕБЕ 

Првото бебе во Македонија се роди една минута по полноќ.

Се работи за машко бебе, тешко 3 650 грама и долго 51 сантиметар, информираше Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Новороденчето е родено во 00:01 часот, а мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска. 

Ова е нејзино второ, спонтано породено дете.

НОВИ 414 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-187, Куманово-10,  Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од: Скопје-233, Куманово-28,  Штип-13, Прилеп-1,  Тетово-17, Струга-16, Велес-13, Битола-17, Охрид-68, Кавадарци-1, Гостивар-17, Гевгелија-9, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-10, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-4.

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Академик Жан Митрев, сопственик на приватната здравствена установа „Жан Митрев Клиника“ смета дека секоја криза поминува, и дека не треба да ја избегнуваме или игнорираме, напротив, да ја употребиме како отскочна даска за понатамошни промени.

Стево Пендаровски е претседател на Република Северна Македонија. Во годината која ја оставаме зад нас, шефот на државата беше исправен пред тешки одлуки, бидејќи, како што вели за Фактор, здравствената криза беше тешка и ги зафати и другите сектори на општетството. 

Нумерологот Драгица Стевковска вели дека оваа 2021 година ќе биде година на искушенија и докажување. Додава дека оваа ќе биде година во која ќе бараме скалило плус и воздух плус на економско и здравствено поле.

Среќна нова година! Ние сепак можеме да си посакаме среќа, да најдеме надеж, оптимизам, да имаме желби за насмевки. Убавите мисли да не престанат, да бараме смисла и во тежината во која немаше ни прости одговори. Зошто ни се случи ова? Зошто човештвото веднаш немаше соодветен одговор на предизвикот и најболното, зошто изгубивме толку драги наши? 

Д-р. Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести се надева дека следните новогодишни празници ќе ги минеме во многу побезбедна атмосфера, очекува дека повтроно ќе го имаме „старото нормално“. Среќна ја прави топлината на домот со внуката, а не прославите во кафеани и верува дека во своето топло катче со најблиските ќе го намали уморот од целогодишната борба со Ковид-19.

Слично

Поврзани вести