Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерот вети дека случајот „Жан Митрев“ ќе се расветли до крај

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерот вети дека случајот „Жан Митрев“ ќе се расветли до крај

САЛИ ДАДЕ ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЖАН МИТРЕВ“

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.

Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.

Според министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи. Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.

МАКЕДОНИСТИТЕ СЕ ЈАВИЈА СО РЕАКЦИЈА

Младите македонисти излегоа со жестока реакција за Унилатералната изјава за македонскиот јазик, која е приложена кон записникот од Првата меѓувладина конференција.

Во целост го пренесуваме нивното соопштение.

По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија. 

ЦУФИ КОКА ДОБИ 4 МЕСЕЦИ ЗАТВОР

Јусуф Енузи-Кока за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол предизвика значителна опасност по животот на учесниците во протестот против францускиот предлог, добил 4 месеци затвор. 

Информацијата за Тв 21 ја потврдиле членови на семејството на Кока.

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОСОМНИЧЕНО ЗА ПАЛЕЊЕ НА АВТОМОБИЛ НА ПРАТЕНИК

Полицијата приведе осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески. 

Во Прилеп во текот на изминатата ноќ е опожарен автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески при што огнот го зафатил и автомобилот на неговиот татко. 

За случајот на Фејсбук информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој вели дека станува збор за „кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Голем успех е во острата конкуренција на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да продадеш македонски овошни сокови вредни 2,35 милиони евра за половина година, а вкупната продажба да ја зголемиш за 16 отсто до 4,34 милиони евра.

Руската инвазија на Украина дополнително ја затемни перспективата за глобалниот раст, при што европската економија се соочува со сериозно назадување со оглед на трговските, инвестициите и финансиските врски со завојуваните земји. Сега, Европа трпи делумен прекин на извозот на природен гас од Русија, нејзиниот најголем снабдувач со енергија.

Дури и по завршувањето на војната, дел од Украинците веќе не планираат да се вратат дома. Бројот на украински граѓани кои размислуваат да останат во странство се зголемува.

Слично

Поврзани вести