Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерството за правда ќе ги побара од Судот и Обвинителство предметите за Груевски и ќе постапи во согласност со закон

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерството за правда ќе ги побара од Судот и Обвинителство предметите за Груевски и ќе постапи во согласност со закон

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ОТКРИ КАКВИ ЧЕКОРИ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ЗА ГРУЕВСКИ

Oд Министерството за правда велат дека за екс премиерот Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година.

Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.

„Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05 август 2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало. Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди  потребните документi. Во текот на утрешниот ден  ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи  за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме  потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, велат од Министерството за правда. 

Откако викендов премиерот Виктор Орбан ги изгуби изборите, а негов наследник ќе биде Петер Маѓар, тој порача дека во неговата земја нема да има место за престапници, вклучително и за Груевски. 

MИЦКОСКИ КАЖА КОГА Е ПОБАРАНА ЕКСТРАДИЦИЈА ЗА ГРУЕВСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар на изборите во Унгарија, изразувајќи очекување новата влада да води проевропски политики и да даде поддршка за евроинтеграцијата на регионот.

„Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води проевропски и проинтегративни политики и да ја поддржи евроинтеграцијата на регионот, вклучително и на Македонија“, изјави Мицкоски.

Во однос на најавите за можна екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Унгарија, премиерот посочи дека тоа е прашање во надлежност на унгарските институции.

ДИМИТРОВСКА НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред Судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари - оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. 

- Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета - изјави Димитровска. 

Димитровска, при произнесување пред Судот, рече дека сега е вработена во Државниот завод за ревизија, како помошник на државниот главен ревизор. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу Италијанци, Шпанци, Французи, но и луѓе од други земји работат во Луксембург. Oние кои од другите држави членки на Европската Унија(ЕУ) отишле да работат во Луксембург, велат дека земјата е примамлива за нив затоа што има високи плати. Имаат шанса да заработат, но и да заштедат повеќе. 

Шеснасетте години власт на Виктор Орбан завршија со убедливиот пораз на неделните избори. Манипулациите со избори, изборната автократија, создавањето изборно законодавство по негов терк, уставните и законските измени, кои требаше да му го продолжат мандатот, овој пат беа во полза на човекот кој што се испили од неговото гнездо. 

По речиси две децении политичка моќ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на народот конечно му се здосади од власта на Фидес и реши да направи промена, не премногу радикална туку да се сврти кон помладиот и надежен политичар Петар Маѓар.

Слично

Поврзани вести