Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура, Азири не сака амнестија за „Монструм“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура, Азири не сака амнестија за „Монструм“

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ ВО ВЛАДИНА ПРОЦЕДУРА

Министерството за правда, како што информираа оттаму, го доставиле Предлог Законот за помилување во владина процедура.

Ова следува откако предлог законот за амнестија кој оттаму го туркаат, предизвикува вистинска бура во јавноста.

„Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

ОД КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ГО СООПШТИЈА СТАВОТ

Oд кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека во однос на предлог Законот за помилување во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски  за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда. 

„На овој начин ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела. На тој начин се придонесува во зајакнување на независноста на судството и, воопшто, функционирањето на системот на поделба на власта и правната држава“, додаваат од кабинетот на шефот на државата. 

АЗИРИ НЕ САКА АМНЕСТИЈА ЗА „МОНСТРУМ“

Фејзи Азири, еден од осудените за помагање во случајот „Монструм“, се појави на телевизија на Алсат ТВ каде што вели дека не сака да биде опфатен со новото законско решение за амнестија изготвено од Министерството за правда, туку да биде ослободен, како што рече, под реални околности.

Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, осомничен како монтиран случај, можат да бидат амнестирани со Законот за амнестија што го изготви Министерството за правда. Ова за ТВ21 го изјави адвокатот на двајцата осудени, Насер Рауфи, кој очекува  амнестија бидејќи делото за кое се товарат е само за „помагање“ во предметниот случај, додека од друга страна двајцата осудени веќе отслужиле две третини од казната.

ВИДЕО ОД БРКАЊЕ МЕЧКА ВО ЖИРОВНИЦА

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, објави видео како брка мечка во селото Ќировница, каде што локалните жители се под постојан страв во последно време од наездата на овие животни.

„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница...Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов кој при тоа веќе информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните се повеќе посегнуваат по минусите во банка, како начин на преживување во овие тешки времиња на високи цени, но и не толку високи плати за најголем дел од граѓанството.

Споредено со земјите од Европската Унија(ЕУ) заостануваме и во однос на можноста да ги загрееме домовите.

Покрај голем број неправилности околу финансиското работење на Клиничката болница во Битола, Државниот завод за ревизија нотира уште еден сериозен проблем. Во последниот извештај на ревизорите се наведува дека во просториите на болницата во посебен објект, бункер е сместен линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција.


Слично

Поврзани вести