ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерствата за одбрана и за надворешни работи ќе одлучат за слетувањето на авионот на Сергеј Лавров
НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ ЛАВРОВ ЌЕ ДОПАТУВА ВО СКОПЈЕ ЗА МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ НА ОБСЕ
Владата по денешната седница соопшти дека Министерствата за надворешни работи и за одбрана ќе можат дополнително да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржувањето на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, со кој се очекува да пристигне рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Преку ова дополнување, надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана ќе можат дополнително да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржувањето на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година, се вели во владиното соопштение.
Се појаснува дека на седницата била донесена Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, со којашто се ограничува пристапот на воздухоплови на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со којашто Република Северна Македонија е целосно, односно 100-процентно усогласена.
ПОЛИЦИЈАТА АПСЕШЕ ВО СТРУГА
Основното јавно обвинителство (ОЈО) излезе со детали за денешната акција во Струга. Соопштија дека 23 лица се уапсени, осомничени за трговија со дрога и оружје.
По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје.ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА
Израелската војска ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, објави Ројтерс.
Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.
Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
ОРКА Холдинг доставила намера за преземање на мелничко пекарската компанија Жито Полог од Тетово.
