Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерката негира дека се укинати парите за децата со Даунов синдром, тоа било шпекулација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерката негира дека се укинати парите за децата со Даунов синдром, тоа било шпекулација

НЕ СЕ УКИНАТ ПАРИТЕ ЗА ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

Не се укинати средствата за децата со Даунов синдром, туку осум деца немале целосна документација, вели министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Тренчевска објаснува дека 8 деца од вкупно 121 немале комплетна медицинска документација и имаат  негативен наод  при преглед од  Комисијата за проценка. Но, вели се прават напори да се обезбеди парична помош и за овие деца.

„При посетата на Комисијата за проценка на функционалноста, кај 8 деца  е даден негативен наод. Министерството стапи во контакт со овие деца и Комисијата за проценка да се направи повторен увид и да се даде повторен наод“, рече Тренчевска.

ХАН ПОРАЧА МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ РЕФОРМИ

Поранешниот еврокомесар за проширување, а сега еврокомесар за буџет, Јоханес Хан, порача дека земјата е на добар пат, но неопходни се реформи. Но, тоа не значи да се брза, туку сите политички партии, заедно да донесат одлуки. 

„Владеењето на правото е предуслов, затоа е многу важно за нас да се спроведат реформи. Правосудниот систем не е совршен, треба да се подобри. Но, сето ова да се направи со широки дискусии, нема причина да се брза во носењето такви одлуки. Важно е сите да се вклучат во општеството. Мислам дека на крај значајно е сите да бидат согласни за тоа да се има политичка одговорност“, изјави Хан.

ВЛАДАТА ГИ ВРАЌА ВО МАРКЕТИТЕ ЦЕНИТЕ ОД 1 АВГУСТ

Премиерот Димитар Ковачевски денес како одговор на новинарско прашање рече дека најверојатно цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера објави дека од среда ќе има намалување на 50-тина прехранбени производи со одлука на владина седница еден ден претходно, но не кажа кој датум ќе се земе како репер за старите цени што треба да се вратат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иако тоа одамна го ветува и најавува, дека конечно ќе воведе ред во трошењето пари во јавните и државните претпријатија и агенции, особено кај оние кои што постојано работат со загуби и трупаат долгови, но тоа тешко и успева, Владата сега прави уште еден обид да ги контролира вработувањата кај „државните трошаџии“.

Постојат повеќе чекори со помош на кои ќе се подготвите за интервју за работа. Ова им создава недоумица на многу кандидати кои се во потрага по вработување. 

Како да го достигнеме животниот стандард на граѓаните и конкурентноста на економиите како државите на Европската унија. Како на тој начин да успееме да ги задржиме овде младите граѓани и тие да придонесуваат за домашниот бизнис, наместо постојано да се селат во странство.

Слично

Поврзани вести