Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерот вели има протокол за лекување на ковид, го нападна Даниловски, а тој му возврати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерот вели има протокол за лекување на ковид, го нападна Даниловски, а тој му возврати

МИНИСТЕРОТ ГО НАПАДНА ДОКТОР ДАНИЛОВСКИ

Министерот за здравство, Беким Сали, по одржувањето на состанокот со веркисте лидери кои треба да влијаат за поголем опфат на вакцинацијата против корона вирусот кај граѓаните, на прашањето зошто се уште нема протокол за лекување на ковид, проблем за кој професорот Драган Даниловски постојано апелира во јавноста, одговори:

-Протокол за лекување ковид постои, не знам од каде ви се информациите. Протоколот веќе две години е напишан, споделен во институциите и секако дека сите здравствени институции коишто имаат хоспитализирани пациенти, почитуваат заеднички протокол коишто е напишан од страна на професори од Клиниката за инфективни болести. Јас не можам да коментирам изјави на професори кои што јас ги почитувам, меѓутоа не се спремни да се справат со реалноста и даваат, за жал, за мене необјасниви и несериозни изјави кои што негативно влијаат во општеството.

Со реакција се јави епидемиологот проф.-д-р Драган Даниловски. Тој на Фејсбук одговара на денешната изјава на министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека Даниловски „не е спремен да се справи со реалноста и дава необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството“.

Даниловски вели дека е зачуден и прашува како е возможен ваков дијаметрално различен став? 

СЛУЧАЈОТ СО ЕМБЛА ОД ГОСТИВАР ПОТТИКНА МНОГУ РЕАКЦИИ

Силни реакции кај јавноста предизвика одлуката на родители на учениците од едно одделение од гостиварското основно учлилиште Башкими. Тие одлучиле да не ги пуштаат децата на настава поради тоа што во училницата доаѓа и со нивните деца учи и 11-годишната Ембла Адеми, дете со посебни потреби, односно Даунов синдром.

Родителите не сакале нивните деца да одат во исто одделение со Ембла затоа што според нив таа е агресивна и ја попречува наставата. Директорот на училиштето изјави дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес, информација која ја негира таткото на девојчето. 

ДЕНЕС ИМА НАД 1.700 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Демир Капија и Пехчево – по 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

УКИНАТИ ПРИТВОРИТЕ ЗА РАШКОВСКИ И ВЕЉАНОСКИ

Апелацискиот суд Скопје во текот на изминатиот ден ги укинал мерките куќен притвор за поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски и на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најзначајната институција во државава за заштита на уставните и законските права на граѓаните од државните органи, Народниот правобранител, веќе неколку месеци работи без потребниот број заменици народни правобранители, а причина е фактот што иако на старите им е истечен мандатот, нови никако да се изберат. 

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, како единствена јавна здравствена установа во Македонија во која се лекуваат деца позитивни на корона вирусот, односно во која се сместени дечињата со компликации поради ковид, во моментов има 25 пациенти од 0 месеци до тинејџерска возраст, со нивните мајки, кои исто така се позитивни на вирусот.

Ставот на Стопанската комора е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес, или заради оптимизирање на работните процеси на компаниите, да се остави можноста за работа во недела, вели во интервју за Фактор, Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор во Стопанската комора на Северна Македонија.

Дека од минималец не се живее, туку само се преживува, велат граѓаните и сметаат дека минималната плата мора да се покачи што поскоро.

„Комерцијална банка“ две години наназад го применува јавно прокламираниот принцип да додели 70 проценти добивка во дивиденда.

Поранешните пратеници на СДСМ од собранискиот состав во периодот од 2016 до 2020 - Сашко Костов од Кочани и Бетиане Китев од Кавадарци, се примени како нови членови во Одборот на директори на ГА-МА, акционерското друштво во стоотстотна државна сопственост.

Слично

Поврзани вести