Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Мини Шенген“ стана „Отворен Балкан“, ќе донесе придобивки за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Мини Шенген“ стана „Отворен Балкан“, ќе донесе придобивки за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија

ИНИЦИЈАТИВАТА „ОТВОРЕН БАЛКАН“ ЌЕ ДОНЕСЕ БЕНЕФИТ ЗА ТРИТЕ ЗЕМЈИ

Претседателот на Србија Вучиќ додаде дека со ова се докажува дека Србија, Македонија и Албанија докажуваат дека меѓу себе се способни да се помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1-ви јануари 2023 година нема да има граници меѓи нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓаните. Тоа ќе биде историски момент“, додаде претседателот Вучиќ.

Економскиот форум ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава било што нема веќе да застанува на граничните премини.

Дури 18 милиони луѓе од регионот заслужуваат да бидат дел од Европската унија, бидејќи и Албанија и Македонија направија многу за да бидат од европското семејство, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека само со меѓусебно поврзување може да се реализира за она што се залага регионот, а тоа е членство во Европската унија.

„Не може да бидеме ништо друго освен членки на Европската унија, но не можеме да чекаме Европската унија да ги решава проблемите внатре, се надеваме дека ќе биде изнајден начин да се решат проблемите во ЕУ и да тргне развојот на економијата во регионот“, изјави премиерот Зоран Заев на воведното обраќање на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

Косово не ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“. 

Владата во Приштина информираше дека не ја поддржува иницијативата за „Отворен Балкан“, иницирана од премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ПРАТЕНИЦИТЕ ЈА ИЗГЛАСАА РЕЗОЛУЦИЈАТА И ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

Собранието едногласно ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија. 

За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, при што 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија. За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи.

Пратениците денеска го усвоија Законот за државјанство. 

Со измените се предвидени 16 услови со кои луѓе кои до прогласувањето на независноста живееле во Македонија можат да се стекнат со државјанство. Законот се донесе со европско знаменце по скратена постапка откако претходно партијата Левица го блокираше со повеќе од 1.000 амандмани.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ДЕНЕС 54 НОВИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19 и тоа Скопје – 16, Тетово – 9,Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. 

Регистриранисe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово - 3, Кочани и Гостивар – по 1.  

Не се регистрирани починати пациенти. 

ТОПЛО ВРЕМЕ И ИДНАТА НЕДЕЛА

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека идната недела е можно да имаме температури над 45 степени. 

Топлотниот бран во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица, а ќе продолжи и во текот на следната, со тоа што би можел да биде со уште поголем интензитет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На сите што ќе сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи, ќе им се прави тест за интегритет, и тоа нема да биде еднаш засекогаш дадена потврда, туку интегритетот постојано ќе се проверува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, а тие нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

На Клиниката за Инфективни болести во моментов се лекуваат уште само 15 пациенти порадо компликации од корона вирусот, дел од нив се со потешка клиничка слика. Во разговор за Фактор, директорката, д-р Милена Стевановиќ вели дека ова е многу мал број на пациенти, за разлика од претходните неколку брана на вирусот, но приказната со Ковид-19, како што вели, не е завршена.

Скеил Фокус пред две години ја започна инвестицијата во Северна Македонија. Оваа информатичка компанија е пример за брз раст, светски квалитет  и посветеност.

Сè она што го побарало ОЈО од Централен регистар, поврзано со овој случај, ние сме го доставиле. Со оглед на фактот што се работи за истражна постапка, би се воздржале од информации кои може да наштетат на истата, одговори ЦР. 

Најголемата банка според активата, постави нов историски резултат. За прв пат нивото на пари што ги чува (на граѓани и правни лица) надмина 2 милијарди евра.

„Алкалоид“ е најголемиот македонски економски амбасадор повеќе од дваесет години наназад. Контиуниран раст на производство, ширење на пазарите, интензивни и непрекинати вложувања во човечки ресурси и техонологија. 

Слично

Поврзани вести