Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, од Движењето не се изненадени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, од Движењето не се изненадени

МИЛЕ ЦЕКОВ ЈА НАПУШТИ ЗНАМ

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа не е дел од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.

Тој не е задоволен од темпото на реализација на ветените реформи и борбата против корупцијата.

„Промените за кои влегов во политиката не се случуваат во пракса. Не прифаќам да бидам дел од систем оптоварен со корупција и криминал“, истакна Цеков, додавајќи дека постојат длабоки несогласувања со раководството на ЗНАМ.

ОД ЗНАМ НЕ СЕ ИЗНЕНАДЕНИ

Oд ЗНАМ велат дека заминувањето на Миле Цеков не е изненадување. 

„Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување“, велат од ЗНАМ.

Додаваат дека Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија. 

ФИЛИПЧЕ СО ПОВИК ДО ЦЕКОВ

Вратата на СДСМ е отворена за сите што сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката на пратеникот Миле Цеков да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и да делува како независен пратеник. 

„Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, пишува Филипче во објавата на Икс.

ПОПУСТОТ НА ГОРИВАТА ПРОДОЛЖУВА ДО 18 МАЈ

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.

ВАНДАЛИЗИРАНО Е УЧИЛИШТЕ ВО ШТИП

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште, кое се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, потврди во изјава за медиумите директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични пораки.

Тој истакна дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол околу полноќ. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонскиот производител на челик Макстил АД Скопје во 2025 година оствари позитивен финансиски резултат, но се соочува со намалени приходи и послабата деловна активност под влијание на глобалните економски движења. 

Во март годинава според минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), семејствата во просек за облека и обувки трошеле по 6.024 денари или 8.9 отсто од приходите. 

Скопски пазар АД Скопје во првиот квартал од 2026 година оствари значително подобрување на финансиските резултати, при што приходите и добивката бележат драматичен раст, главно како резултат на продажба на недвижен имот. 

Европските бирократи сѐ уште не размислуваат за воведување целосна изолација на македонската влада и оставаат простор премиерот Мицкоски да иницира усвојување на т.н. Француски предлог, односно промена на Уставот со внесување на Бугарите како дел од конститутивните народи и имплементација на обврските од преговарачката рамка меѓу кои и спорниот Втор протокол за спроведување на Договорот за добрососедство со Софија.

Слично

Поврзани вести