Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Милановиќ порача дека Македонија не треба да дозволи да ја уценуваат на патот кон ЕУ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Милановиќ порача дека Македонија не треба да дозволи да ја уценуваат на патот кон ЕУ

МИЛАНОВИЌ ПОРАЧА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ДОЗВОЛИ УЦЕНИ

Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во Европската Унија(ЕУ),  порача од Скопје, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Тој се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и рече дека Македонија добива совети, но не се сите совети паметни. 

„Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ“, изјави Милановиќ. 

За Бугарија рече дека тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. 

„Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Додека некој е против Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но,  тука јас немам совет, тоа е ваша одлука“, рече Милановиќ.

НА НЕКОЛКУ ПОЛИЦАЈЦИ ИМ СЕ СЛОШИ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

ТВ21 објави видео на кое може да се види дека на пет македонски полициајци им се слоши од пролетно сонце додека премиерот Христијан Мицковски, министерoт за внатрешни работи Панче Тошковски и другите претпоставени држеа говор по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. 

Додека официјалните лица држеа говор за тоа како новата генерација полицајци ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата, здравјето на некои млади полицајци се влоши поради сонцето, објави ТВ21. 

ПОСКАПЕЛЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ

Во Македонија се зголемуваат трошоците за живот. Тие во април на годишно ниво се  зголемени за 2,6 oтсто, а цените на мало за 2,7 отсто. 

Според Државниот завод за статистика(ДЗС), зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 отсто, Облека и обувки за 1.5 отсто, Рекреација и култура за 1.4 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 отсто, Здравје за 0.4 отсто и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 отсто. 

ДЕНЕСКА НЕ Е ИЗБРАН НОВ ПАПА 

Црн чад се појави од оџакот на Систинската капела.

Црниот чад значи дека 133-те кардинали не донеле одлука на првото гласање на конклавата, а процесот за избор на нов папа, продолжува. Сега во Сикстинската капела ќе има максимум четири гласања дневно од утре до изборот на нов папа, објави Скај Њуз.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Продолжува трендот на раст на бројот на изгубени животи во сообраќајни незгоди кои се случиле во Македонија. Наместо намалување на бројот на жртви на македонските патишта, кај нас последниве три години има обратна тенденција.

Отровниот плевел Сребренолисен зрнец веќе е третиран во Неготино, но стручни лица од Здружението на граѓани Ековита од овој град, ќе работат во поширокиот регион, за да видат дали и таму е распространет. Повеќе активности на овој план најавуваат од идната недела.

Акцијата на Стопанска банка Битола имала најголем раст во претходниот месец, односно во април оваа година. Тоа го покажува најновиот месечен билтен на Македонската берза.

За ново државно задолжување преку тригодишна државна обврзница јавува Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, каде што оваа обврзница, стартувајќи од денеска, почнува да котира. 

Фразата дека Охрид и Струга се туристички бренд на Македонија е често повторувана, но дали е и вистинита? Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавиот македонски езерски регион.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести