Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mијалков се појави, Заев тврди институциите спречиле да избега

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mијалков се појави, Заев тврди институциите спречиле да избега

МИЈАЛКОВ СЕ ПОЈАВИ, НЕ ИЗБЕГАЛ ОД МАКЕДОНИЈА

24 ТВ објави ексклузивно видео во кое се гледа дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се пријави во судот. 

Тој рече дека имал температура, бил во изолација, и се извини на целата македонска јавност. Јавно повтори дека никогаш нема да побегне. 

„Навистина ми е жал за ова што се случи“, рече тој. 

За него полицијата распиша меѓународна потерница. 

ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ИНСТИТУЦИИТЕ ЈА ЗАВРШИЛЕ РАБОТАТА

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес - конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал. 

Вели дека се избегнати сите потенцијални ризици. 

„Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражи како се случи бегството“, рече Заев. 

Премиерот кажа дека прво во суд дошле адвокатите, а потоа и Мијалков. Изјави дека компромис за правда нема и нема да има. 

„Денеска институциите удрија по маса“, рече Заев. 

Вели дека институциите извлекле поука од бегството на екс премиерот Никола Груевски кој избега. Заев потсети дека Мијалков се гони во неколку предмети. Премиерот додаде дека институциите создале услови бегството да му биде неисплатливо на Мијалков. Вели дека денеска државата си ја заврши задачата. 

ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА Е ЗАДОВОЛНА

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека се радува што обвинетиот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК самиот се пријави. 

Изјави дека Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, таа рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

„Колку што имам сознанија разговарале на таа тема со Јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Истиот се согласил. Од тие причини е повлечена жалбата“, рече Рускоска. 

Таа рече дека сепак ќе се размислува дали да се побара затворски притвор.

„Олеснителна околност е што самиот се пријави“, вели Рускоска.

Во однос на приказната на Мијалков дека бил болен и дури изутринава дознал дека се трага по него рече не знаела дали тој делувал болен или не.

ДЕНЕС ИМА 509 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш - по 1.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:

Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. 

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје  (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид  (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар  (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Стартот на изградбата на новите автопати кои Владата ги најави во 2021 ќе зависи од тоа дали ќе се обезбедат средства од меѓународните кредитори, а планирани се четири нови вакви делници..

Граѓаните од соседна Албанија по неколку месеци пауза, повторно навалија на шопинг во Дебар, откако границите се отворени, и се патува без ПЦР тест.

Има потенцијал за соработка, развој и подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Обединетите арапски емирати, извести и лично министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше таму во официјална посета.

Со самостојното делување во парламентот само сакаме да бидеме попрепознатливи како либерал-демократи, но ние остануваме во владејачкото мнозинство и ќе продолжиме да ги поддржуваме владините политики.

Во тек е вакцинацијата на здравствените работници, клиничари кои работат во сите ковид-центри низ Македонија, но веќе постои дилема кој смее да биде вакциниран во првата група.

Слично

Поврзани вести