ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мијалков нуди гаранција, обвинителството ги прифати 10-те милиони евра
МИЈАЛКОВ ПОНУДИ ГАРАНЦИЈА ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР
Кривичниот суд одлучува дали ќе ја прифати или не, а ако е потврдно значи дека тој ќе замине дома од затворот во Шутка. Според информациите кои се неофицијални имало големи шанси ефективниот притвор да се замени со слобода, затоа што кауцијата била многу вредна.
Мијалков е во притвор од 23 февруари кога првично избега, па се појави пред Обвинителството за да го земе решението за притвор, затоа што претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДРАГИ РАШКОВСКИ
За случајот Драги Рашковски обвинителството издаде наредба за истрага за нова истражна постапка. Дополнително е утврдено дека е оштетен буџетот на државата.
Обвинителствбото во своето соопштение не дава иницијали на лицата против кои се води истрагата.
„Постапувајќи во предметот против четири лица за набавка на софтвер и работи за потребите на софтверот, од прибраниот доказен материјал произлезе дека тројца од веќе осомничените лица сториле уште две кривични дела, за што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова Наредба за спроведување истражна постапка против три лица. Првоосомничениот се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка, потпомогнат од останатите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување. Исто така, првоосомничениот со умисла помогнат од второосомничениот во периодот од 2019 – 2021 година за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ со што двајцата сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од Обвинителството.
НОВИ 87 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И 17 ПОЧИНАТИ
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19, и тоа Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје ( 66 г, 71 г, 76 г, 79 г и 80 г ), 3 лица од Тетово ( 60 г, 70 г и 73 г), 2 лица од Куманово ( 73г и 82г ) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.СВАДБИ ОД ЈУНИ
Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, најавува министерот за здравство Венко Филипче.
Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Предлозите ќе се дискутираат во рамки на Комисијата за заразни болести, посочи Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега е навистина мал бројот на новодијагностицирани случаи, а тоа се чувствува и по притисокот во болниците.
