Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски во Собранието го поднесе предлогот за составот на новата Влада, ветува брзи резултати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски во Собранието го поднесе предлогот за составот на новата Влада, ветува брзи резултати

МИЦКОСКИ ВЕТУВА БРЗИ РЕЗУЛТАТИ

Мандатарот и иден премиер Христијан Мицкоски денеска во Собранието го поднесе предлогот за составот на новата Влада, каде ќе се опкружи со блиски соработници со кои соработувал во ВМРО-ДПМНЕ за време изминативе опозициски години, а со дел од нив соработувал и додека бил на други ангажмани. 

Мицкоски вели дека заклетвата што тој ќе ја даде ќе биде во согласност со уставното име. Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија“.

„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме“, изјави Мицкоски во дневниот на Тв Сител. 

НА 89 ГОДИНИ ПОЧИНА СТОЈАН АНДОВ

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕПОРАКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТА НА БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ПОСТАРИ ОД 60 ГОДИНИ

На 27. седница Владата донесе препораки до граѓаните и работодавачите по најавите за нов топлотен бран од утре.

Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава.

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), целата територија на државата ќе биде зафатена од Топлотен бран од портокалова фаза.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Аптеките се многу значајна, па можеби и суштинска алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. Тие не се само компании ориентирани кон профит.

Зоран Кондратенко и Оливер Костовски, сопствениците на компанијата Енерго Систем, влегуваат во бизнисот со изградба на фабрики во слободните индустриски зони за странските инвеститори, а на крајот останува да се види дали тоа ќе им донесе добра заработка.

Откако минатата недела беа именувани нови членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Стопанска банка Скопје, денеска се одредени и нивните годишни надоместоци. 

Поскапуваат услугите на Македонската берза, односно еднократниот надоместок што секоја година треба да го платат котираните компании.

Слично

Поврзани вести