ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира
МИЦКОСКИ ЌЕ ОДИ ВО БРИСЕЛ
Во Брисел ќе ја пренесам фрустрацијата на граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Пред утрешната средба со претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула Фон дер Лајен во Брисел, премиерот вели дека целта на посетата е Планот за раст, а не разговори за деблокирање на европската интеграција.
„Како што беше и во минатото кога бевме опозиција, така и сега како влада, сега дури имаме и повеќе аргументи, сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија, повеќе од деценија и пол откако го добивме првиот позитивен извештај од страна на Европската Комисија за започнување на овие преговори, ние не сме во можност да почнеме.БУГАРИТЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПРОВОЦИРА
Oд Министерството за надворешни работи(МНР) на Бугарија, велат дека партнерите се известени за провокациите.
Велат дека провокациите имаат за цел да го загрозат дијалогот.
„Во однос на повторните навредливи изјави кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери на Република Северна Македонија, ние категорично одбиваме да учествуваме во таков неевропски и несоодветен тон. Повторно нагласуваме дека развојот на добрососедските односи е клучен за европската иднина на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МНР.ЛОГА РЕАГИРА ЗА БАЛАНСЕРОТ
Политичката елита го користеше Собранието за да ги мајоризира Албанците, сега ја префрлија оваа практика во Уставниот суд, вели потпретседателот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога.
Вели дека сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинување на соодветните членови од законот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
