ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИМААТ 61 ПРАТЕНИК
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека консолидирале 61 пратеник.
„Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник“, изјави денеска Мицкоски.
Тој информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во встинска насока.
„Успешно консолидираме 61 пратеник, не можам да кажам детали“, изјави Мицкоски.
ГРЦИТЕ ПАК РЕАГИРААТ
Грчките медиуми му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека и тој го користи оспореното име на државата исто како и претседателката Гордана Силјановска Давкова.
„Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на претседателката во однос на Договорот од Преспа. Првиот човек на ВМРО со жесток националистички говор, ќе ги користел термините „Македонија“ и придавката „македонски“ – пишуваат грчките медиуми откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој нема да му забрани да ја нарекува државата Македонија бидејќи тоа било негово човеково право.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за свечената заклетва на претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова која не ја спомена придавката „Северна“ изјави дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ
По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопшти обвинителството.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Многу македонски граѓани за годишен одмор во туристичките агенции плаќаат на рати.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
