Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека сме подобри од повеќе земји ако се спореди минималецот со животните трошоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека сме подобри од повеќе земји ако се спореди минималецот со животните трошоци

МИЦКОСКИ УВЕРУВА ДЕКА НАШИОТ МИНИМАЛЕЦ ИМА ПОГОЛЕМА КУПОВНА МОЌ ОД ТОЈ ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ

Според премиерот Христијан Мицкоски, Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Србија и други земји.

„Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска  Мицкоски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски изјави дека земјава е некаде на средината ако се земат предвид минималната плата споредено со трошоците на живот – во Германија и најниското ниво – во Албанија.

Синдикатите, власта и работодавачите вчера не постигнаа договор за минимална плата од 500 евра. 

ФАТОН СЕЉАМИ Е ПРЕДЛОГ ЗА НОВ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Фатон Сељами, раководител на Подрачно одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем е утврден како предлог за нов народен правобранител на денешната седницата на Комисијата за извори и именување. 

Сељами беше предложен од страна на пратеникот Беким Ќоку од Вреди. 

Тој е дипломиран правник, магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а има положено и правосуден и нотарски испит. 

За избор на Народен правобранител, потребни се 61 глас „за“ во Собранието, но и бадинтерово мнозинство, односно 20 гласови „за“ од вкупно 39 пратеници од етничките заедници

ШАБАН САЛИУ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, за кој се води истрага во која и тој е опфатен.

- Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка, бидејќи има една општа презумпција на невиност, истакна Салиу пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст - 2 Август.

Во врска со тоа што мисли кога кажува дека новинарите водат судска постапка рече дека не е коректно и не е фер новинари да сликаат таблички на неговото службено возило кога одел во судот.

ЛЕТОВИ ДО ПЕТ НОВИ ДЕСТИНАЦИИ

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

"Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во последните неколку години хонорарите во Комисијата за историски прашања со Бугарија, што произлезе од Договорот за добрососедство, достигнаа до речиси 2.000 евра на месечно ниво.

И покрај бројните предизвици во светот и нашата земја, „Макпетрол“ успеа да оствари голем приход во првите шест месеци од говинава. Како што е истакнато во нивниот полугодишен извештај објавен на „Македонска берза“, во текот на првото полугодие од 2025 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 14,48 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 99,76 милиони денари, односно остварен е раст од 0,69 проценти.

Додека ја води неформалната кампања за нов мандат во Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ја заборави улицата „Костурски херои“. Во Центар, веднаш до Универзалната сала, улицата повеќе наликува на некоја маалска уличка на која се паркира кој каде стигне. 

Постојано во групите на социјалните мрежи има огласи за продажба на стар мебел и луѓето веднаш прашуваат која е цената. 

Слично

Поврзани вести