ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека реконструкцијата на Владата носи нова енергија
ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ ДЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА НОСИ НОВА ЕНЕРГИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски очекува по реконструкцијата на Владата, новите министри да донесат нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност во извршната власт.
„За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден од народот и му припаѓа на народот“, порача премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците во македонскотоСобрание.
Мицкоски нагласи дека политиката, функциите и мандатите се минливи, но дека државата останува и затоа секоја одлука мора да се носи со одговорност и визија за иднината. „Ќе има предизвици, отпори и обиди секој успех да биде минимизиран, а секој проблем да биде претставен како пораз, но природата на државничкото лидерство е поинаква“, рече премиерот.
Тој истакна дека не бара поддршка за поединци или за една политичка партија, туку за продолжување на процесот на реформи и развој на државата. „Уверен сум дека најдобрите години не се зад нас, туку се пред нас“, порача Мицкоски.
Пратениците од СДСМ, Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијанса за Албанците ја напуштија денешната собраниска седница за реконструкција на Владата, откако немаше јавно извинување за навредливото однесување на предложениот министер Иван Стоиљковиќ кон опозициските пратеници.СЛУЧАЈ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО И ВО КУМАНОВО
Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.
Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка.
„Случајот ќе се работи по итна постапка. Едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Настанот се случил пред четири месеци и до денеска не сме имале пријава. Откако снимката беше објавена, веднаш почнавме да постапуваме“, изјави Бедиу Рамадани.ГРАЃАНИТЕ ПРИЈАВИЛЕ РЕЧИСИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОХОД
Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари.
Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
