ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека преку нов модел можно е поевтинување на струјата за 5 до 10 отсто
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА Е МОЖНО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА СТРУЈАТА
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања во делот на енергетиката, премиерот најави дека се работи на модел кој би можел да донесе поевтина електрична енергија за граѓаните.
Според него, новите решенија, договорени во консултација со Европската комисија, би можеле да овозможат намалување на цената на струјата од 5 до 10 проценти.
– Иако пазарот е либерализиран, правиме допрецизирања во Законот за енергетика. ЕСМ нема да испорачува повеќе од 70% од потребите на снабдувачот од 1 јануари 2027 година. Целта е да добиеме поевтина и стабилна цена – истакна Мицкоски.
СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА НЕВИН ЗА СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА
Поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов, чии истражители пронајдоа 350 илјади евра скриени во ѕидот во куќата на неговите родители во Неготино, денес на почетокот на судењето во Кривичниот суд се прогласи за невин за кривичните дела за кои е обвинет.
„Не се чувствувам виновен ниту за првото ниту за второто кривично дело, земајќи ја предвид правната квалификација“, изјави Ристов пред судот.
Во меѓувреме, обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека Ристов свесно презел дејствија спротивни на неговите одговорности како судија. Обвинителството, како што е наведено, ќе докаже дека Ристов, како судија во Апелациониот суд, дал лажни информации за неговата финансиска состојба, како и дека прикрил информации за неговиот имот. Исто така, ќе се докаже дека Ристов го користел делот од куќата каде што се пронајдени парите, кој според обвинението бил скриен зад кујнските елементи.ГРЧКИ МИНИСТЕР ВЕЛИ ДЕКА ИАКО ИМАЛО ПОПЛАКИ ОД СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА, ЕЕС МОРА ДА ФУНКЦИОНИРА
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, говорејќи за примената на системот за влез и за излез од земјите на Европската Унија (ЕЕС), за што рече дека добил поплаки од колегите од Северна Македонија и од Србија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
