ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Oпозицијата тврди дека Македонија ќе прими мигранти од Британија, а премиерот Христијан Мицкоски негира дека тоа ќе се случи.
Вели дека во никој случај нема да прифати такво нешто.
„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“, рече премиерот.
Тој за СДСМ вели дека немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердувиСДСМ ЈА ОТВОРИ ПЕТИЦИЈАТА ПРОТИВ ПРИЕМ НА МИГРАНТИ
СДСМ ја отвори онлајн петицијата против како што тврдат плановите на власта за носење мигранти од Британија во Македонија, а потпишувањето ќе трае 30 дена.
Со отворањето на веб-страницата, граѓаните треба да остават име и презиме, телефонски број или електронска адреса или, пак, може да ја одберат опцијата да се потпишат анонимно. Можат да остават и коментар.
„Одбраната на Македонија почнува сега. Ги повикуваме граѓаните да нè поддржат во одбраната на Македонија, да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ испратено попладнево.ВЛАДАТА МУ ПРЕДЛОЖИ НА СОБРАНИЕТО ДА ГО РАЗРЕШИ КОЦЕВСКИ
Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска изјави дека на седница е усвоен предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Вели дека причините се јавно познати. Додава дека Коцевски направил крупни професионални грешки, неовластено изнесувал информации за судски предмети, го нарушил личниот и угледот на обвинителството.
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ПРАШАА ВЛАСТИТЕ ШТО БИ ПРАВЕЛЕ АКО СЕ РАБОТЕШЕ ЗА НИВНО ДЕТЕ
На комисијата во Собранието за трагедијата во Кочани денеска имаше прашања до премиерот Христијан Мицкоски и државниот врв како тие би се однесувале доколку би се нашле во една таква ситуација, но и кој ќе понесе одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“.
Вакви прашања упатија родителите.
„Како не ви е срам да се препукувате пред родителите уште пред да почне седницата? Родителите чекаат девет месеци, вие барате еден час пауза“, рече коосновачот на иницијативата „Супорт Кочани“ Иван Ивановски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
