ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека нема поплаки од граѓаните за „Безбеден град“, а во иднина прагот на толеранција ќе се намалува
МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ПРАГОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ НАМАЛУВА
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот „Безбеден град“ поминал без поплаки од граѓаните.
Тој откри важен детал за начинот на кој ќе функционира системот во почетната фаза – Владата и МВР одлучиле да го зголемат прагот на толеранција на 15 проценти над дозволената брзина. Ова е над европскиот стандард кој изнесува 10 проценти.
МАРИХУАНА ОД МАКЕДОНИЈА Е ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА
Пет лица се осомничени во случајот со рекордната заплена на повеќе од пет тони марихуана пронајдени во четвртокот во селото Коњух, во близина на Крушевац, и се бранеа со молчење пред Обвинителството за организиран криминал на Србија.
Како што соопшти обвинителството, јавниот обвинител издал наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, поради сомнение за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
По сослушувањето, на кое сите осомничени го искористиле своето законско право да не даваат изјава, обвинителството му предложи на судијата за претходна постапка при Специјалното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград, на сите да им биде определен притвор. Предлогот е образложен со тежината на делото и со количината на запленетата дрога – вкупно 5.002.079,18 грама марихуана.ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА ДО 2028 ГОДИНА НЕМА ДА ИЗДРЖИ
Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, изјави лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, во денешното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Ја обвинува власта за изолација на државата од европскиот пат, но и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија.
