Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем

МИЦКОСКИ ЗА ИМЕТО ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ПРАВИМЕ НАУДРЕНИ

Како новиот премиер Христијан Мицкоски ќе ја нарече земјава при давање заклетва е прашање кое ги заинтересира грчките медиуми. Aтина следи што ќе се случува. 

Тој објасни дека ќе го почитува Уставот. 

„Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди“, рече Мицкоски.

БЕБЕ ПОЧИНА ВО БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА

Во текот на денешниот ден од заменик министерката д-р Маја Манолева е испратена наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче.

Ова го соопштија од Министерството за здравство. 

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА СТОЈАН АНДОВ

Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста, изјави претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за поранешниот собраниски спикер Стојан Андов кој вчера почина на 89 години. 

Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.

„Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште двапати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении“, рече Сиљановска Давкова.

ЗАПАЛЕНО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КУМАНОВО

Немил  настан се случи во Куманово каде е запалено македонското знаме. 

Запалено македонско знаме виси над месната заедница спроти железничката станица. Низ целиот објект на месната заедница со спреј е исцртано албанското знаме, но и ознаката за УЧК. Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата.

„Вчера во 16:.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија“, информираат оттаму.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од денес до недела во Струмица ќе се одржи втората Светска конференција за Религиски Дијалог и Соработка на која учество ќе земат над 60 најеминентни претставници од 22 држави од сите континенти кои се занимаваат со феноменот на религијата. 

Mелничко пекарската агроиндустрија веќе објави дека за нешто над 10 отсто е поскапен лебот поради тоа што има зголемување на цената на суровините на берзите, односно поскапеле пченицата, а со тоа и брашното. 

Во Македонија се прават приходи и добивки во милиони евра од продажба и производство на индустриски експлозив, најчесто потребен за проширување на рудници и пробивање на траси, како и од пиротехника.

Кој вели дека е здодевно на македонскиот пазар на капитал. Нема, нема, па ќе се случи некоја блок трансакција, која и тоа како заслужува новинарско внимание и анализа.

Ниска плата, лоши услови за работа, чести конфликти во работната средина. Анкетиравме неколку граѓани и тие велат дека токму ова се причините поради кои давале отказ и барале нова работа.

Јавното претпријатие за државни патишта е на пиедесталот меѓу државните компании за чии позајмици државата гарантира. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести