Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека Македонија е на иста линија со политиките на Трамп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека Македонија е на иста линија со политиките на Трамп

МИЦКОСКИ ГО ПОДДРЖУВА ТРАМП

Премиерот Христијан Мицкоски силно го поддржа стратешкото партнерство на Македонија со САД.

На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон, македонскиот премиер беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД. Мицкоски го коментираше и говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција.

„Можеби некои европски лидери ќе ми се налутат, но за мене тоа беше историски настан. Тоа беше инспиративен гово“,  рече тој и измами аплаузи во салата.

ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КАФУЛЕТО ВО КИСЕЛА ВОДА

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа на  запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

ЧОВЕЧКИ ТРУП Е НАЈДЕН ВО ШТИП

Неидентификуван човечки труп e пронајден при градежни активности во Штип.

Во раните утрински часови пронајден е труп на местото каде се гради Мега паркот иднина во Штип. Засега не може да се утврди дали сe работи за машки или женски труп.

На оваа локација се наоѓа поранешниот бунарски систем за снабдување со вода за пиење на градот Штип.

МОЖНО Е СЕПАК УКРАИНА И САД ДА ПОСТИГНАТ ДОГОВОР

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека официјални лица од неговата земја и САД работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот.

Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на минералите, велејќи дека тоа е „несериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.

Слично

Поврзани вести