ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори
ПРЕМИЕРОТ КАЖА ДЕКА ГОДИНАВА НЕМА ДА ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментарите дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028та година.
„Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година.
ВО СУДНИЦА БЕА ПОКАЖАНИ ФОТОГРАФИИ ЗА СОСТОЈБАТА ЗАТЕКНАТА ВО „ПУЛС“
При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство.
Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при изведувањето на материјални докази од увидот на лице место во опожарениот објект.
Во рамки на доказната постапка, пред Судот беше прикажан фотоалбум составен од 92 фотографии, кои детално ја прикажуваат затекнатата состојба на местото на настанот. На фотографиите направени при увидот, се гледа внатрешноста на опожарениот објект, поставеноста на бината, димензиите на вратите и решетките на малите прозорци од тоалетите.УАПСЕНИ СЕ ТРИ ЛИЦА ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ ШТЕТНИ ПО ЗДРАВЈЕТО
Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.
Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.
Ова го посочуваат од Царинската управа во објавата споделена на социјалните мрежи.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Собранието на акционери на компанијата Интерпромет АД Тетово планира голема зделка со која се предвидува продажба на повеќе недвижности во сопственост на друштвото, со цел обезбедување ликвидни средства и стабилизирање на финансиската состојба.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
