ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски тврди дека иако постојат притисоци, уставни измени нема да има во овој парламентарен состав
МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ИМА ПРИТИСОЦИ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека за промена на Уставот постојат притисоци, но, како што рече, на истите им се спротиставува со аргументи.
Вели дека промени на Уставот нема да има во овој парламентарен состав.
„Мојот пристап е да се спротиставам на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам. До сега не сум слушнал аргумент кој ги победува аргументите кои што јас ги презентирам. Моите аргументи се елементарна логика, и тие се јавно познати. Но, ќе повторам, промена на Устав во овој Парламентарен состав нема да има“, рече Мицкоски.
Од СДСМ, пак одговорија дека опозицијата бега од дебата и го повикаа ВМРО-ДПМНЕ сите предлози да ги претстави на маса.ДВЕ ЛАВИНИ ВО ЕВРОПА
Во лавина на Алпите во Франција денеска загинаа четири луѓе.
Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин не даде детали за жртвите во соопштението на својот Твитер профил. Локалната радио станица „France-Bleu“ јавува дека лавината била долга еден километар и широка 100 метри. Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите. Два хеликоптери се испратени да помогнат во потрагата. Алпите се најчестата дестинација за одмор за време на продолжениот велигденски викенд во Франција. Претходно, немаше предупредување за за лавина. Инаку, и во Словенија имаше лавина и има повредени.
УКРАИНА ИЗГУБИЛА НАД 300.000 ВОЈНИЦИ?
Екс разузнавач на американскиот маринци, Скот Ритер, анализира дека вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 300.000 луѓе (мртви и исчезнати).
„Украина се обидува да ги потцени своите загуби, но факт е дека тие се многу повеќе од официјалните податоци“, вели Ритер.
Вели дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за време на разговорот со првиот човек на Здружениот Генералштаб на Пентагон, генерал Марк Мили, рекол дека загинале 250.000 украински војници.