Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски тврди дека и на другите градови им требаат автобуси, од Град Скопје пак реагираат за превозот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски тврди дека и на другите градови им требаат автобуси, од Град Скопје пак реагираат за превозот

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е РЕШЕНИЕ ДА СЕ КУПАТ НА КРЕДИТ АВТОБУСИ КОИ ЌЕ СТИГНАТ ДОГОДИНА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши ако сега почне постапката за набавка на 250 нови автобуси, како што побара скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Според него, проблемот со автобусите во Скопје на брз рок ќе се реши само со мобилизација во ЈСП со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на градското претпријатие.

„Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот што денеска го имаат скопјани“, рече премиерот.

ГРАД СКОПЈЕ РЕАГИРА ЗА ПРОБЛЕМОТ СО АВТОБУСИТЕ

Од Град Скопје велат дека е добро што министерот за локална самоуправа  Златко Перински во вечерашното интервју признал дека на средбата во Владата бил понуден план за санирање на состојбите во градот Скопје, а добро е и што признал дека градот е ликвиден, консолидиран и има сопствен финансиски капацитет да набави нови еколошки автобуси.

„Со ова паѓаат сите лаги кои во последниве две години ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ. Ја поздравуваме искреноста на Златко Перински и повторуваме дека е точно дека градот Скопје може сам да набави 250 еколошки автобуси. За тој проект како министер за локална самоуправа сепак Перински би требало да знае дека набавката мора да биде изгласана и одобрена од Советот на град Скопје каде мнозинство има токму ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. 

ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ

Сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица истите да ги заштитат. 

Прилепските локални власти, заедно со крисниот штаб, попладнево упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.

„Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат“, стои во апелот од општина Прилеп.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Инспектори на Државниот пазарен инспекторат од утринава се на терен, проверуваат дали трговците ги усогласиле цените на ученичкиот прибор откако е донесена новата владина одлука за ограничување на профитните маржи. 

Новите правила за влез во Шенген, значително ќе го усложнат патувањето за македонските граѓани. За граѓаните ова е чекор назад. Оние кои патуваа во времето кога имаше визи, велат дека новите правила донекаде ги потсетуваат на тој период.

Грчкиот акционер во ОКТА континуирано три месеци купува акции во ОКТА по фер цена која изнесува речиси 6.000 денари за акција. И таа цена ја плаќа за секоја купена акција од малите акционери физички лица и покрај тоа што тие акции во суштина и не им требаат за да управуваат со компанијата.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести