ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски се сретна со Марта Кос, премиерот побара достоинствена интеграција во ЕУ
МИЦКОСКИ БАРА ДОСТОИНСТВЕНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ
Цврста определба на Владата е интеграција во ЕУ, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје на средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос. Таа престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.
На средбата разговарале за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.
Премиерот ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕП Е НАЈЛОШ ДОСЕГА
Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, извештајот на Европскиот Парламент(ЕП) е досега најлошиот за Македонија и нотира влијанија од Србија, Унгарија, Кина и Русија.
„Во извештајот јасно стои дека Македонија е погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики, особено од Русија и од Кина. Понатаму се говори дека Европската Унија е алармирана за улогите на Унгарија и на Србија во ширење на геополитичките цели на Русија и Кина на Балканот“, рече лидерот на СДСМ.
Вели дека последниот извештај на ЕП е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила во последната една деценија.ТУФЕГЏИЌ ЌЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЗА ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ТАТКОТО НА ВАЊА
Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите нивоа од јавните обвинители за обвинението за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
„По моја проценка ние сме далеку од правосилност на оваа пресуда, ќе имаме жалба. Секако дека одговорност ќе се бара, тоа е сигурно, ќе се бара на сите нивоа и во таа смисла и насока не знам како ќе постапи Јавното обвинителство“, вели адвокатот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се предлагаат измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои бараат поволности за мајките кои работат и кои имаат три или повеќе деца. Согласно предлогот работодавачите кои ќе вработат мајка со три или повеќе живородени деца ќе добијат финансиско олеснување.Најголемиот акционер, кој поседува над 82% од сите акции со право на глас, зема иста месечна награда како и секој од осумте члена на управата на ГД Тиквеш, најголемиот македонски производител на грозје. Токму овој пристап на еднаквост ова друштво го прави единствено во македонскатата корпоративна заедница која бори повеќе од 100 акционерски друштва кои објавуваат податоци на Македонската берза за хартии од вредност
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
