Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски од САД праша кој гарантира дека по уставните измени нема да има нови барања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски од САД праша кој гарантира дека по уставните измени нема да има нови барања

МИЦКОСКИ ПРАША КОЈ ГАРАНТИРА ДЕКА ПО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА НОВИ БАРАЊА

Премиерот Христијан Мицкоски прашува кој ќе гарантира дека вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последниот услов за почеток на преговорите со Европската Унија(ЕУ) и чии права се повредени ако 14 пресуди на судот во Стразбур за Македонците во Бугарија не се спроведени. 

„Ние нема да можеме да почнеме преговори ако не вметнеме неколку стотини наши граѓани во Уставот, што ќе значи дека тие се дел од бугарското малцинство во државата. Но, дали е ова последно? Кој може да ни гарантира дека ова е последно? Во ред, ние немаме одговор на тоа прашање“, вели Мицкоски.

ВОЗАЧОТ НА ЈСП КОЈ УДРИ ВО ЖАРДИНИЕРА ПРИЈАВУВАЛ ДЕФЕКТИ

Возачот на автобусот на ЈСП кој вчера удри во жардинера во Скопје и при тоа повредени беа три жени патнички, денеска рече дека се сомнева во технички неисправно возило кое му го довериле да го управува.

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ вчера излета од коловозот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје. Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“. Инцидентот се случил во 14:50 часот и е пријавен во СВР Скопје. 

ЗМИЈА КАСНАЛА ЧОВЕК ВО ВЕЛЕШКО

Дефинитивно оваа година е голем проблемот со змиите, главно поради топлото време. Жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија додека ги миел рацете во чешмата од семејниот двор. Настанот се случил во понеделникот околу 20:50 часот, а според неговото кажување, тоа било поскок.

Од велешката болница изјавиле дека пациентот е надвор од животна опасност.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

После само три месеци откако стана членка на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар Јаневски, поверќе нема да биде на таа позиција. 

„Македонијатурист“ е дефинитивно акционерско „бојно поле“, односно очигледно дека има неколку инвеститори кои сериозно купуваат акции во таа компанија. 

Првиот приватен ветерен парк „Богословец“ на „Тхор Импекс“ и најголемата фотоцентрала во земјата на „Меј Енерџи“, позната како „ФЕЦ Новаци“, лани во својата прва година од работењето, односно од пуштањето во употреба, оствариле вкупен приход од 8,1 милиони евра. 

„Работнички“ лани, според финансиските извештаи на независната ревизија, заработил 190.000 евра од регистрација на играчи (нивна продажба или позајмици). Иако е тој износ 2,5 пати понизок од износот што по тој основ го наплатиле 2022 година сепак „Работнички“ со ова го потврдува своето место на една од најдобрите фудбалски школи во Македонија.

Граѓаните велат дека зависно од можностите одвојуваат одредена сума на пари од својот домашен буџет за да се спремат за на одмор. Дамите објаснуваат дека трошат по неколку илјади денари за купување на костими за капење, шешири, торби за на плажа, крпи, креми за сончање и други ситници кои се неопходни.

Државата загубила скоро 45 милијарди денари или 726 милиони евра во период од 2013 до 2021 година инвестирајќи во образованието на интелектуалци кои ја напуштиле земјата. Ова го истакнаа ревизорите во извештајот „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовани и стручни кадри“.

Македонија е преполна со туристи, за што доволен доказ е плоштадот во Скопје и Старата Скопска чаршија, каде во вечерните часови има голема фреквенција на туристи кои со своите туристички водичи ги запознаваат убавините на градот.

Слично

Поврзани вести