Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски од Брисел порача дека процесот на интегрирање во ЕУ треба да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски од Брисел порача дека процесот на интегрирање во ЕУ треба да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ ПОРАЧА ДЕКА ИНТЕГРИРАЊЕТО ВО ЕУ ТРЕБА ДА СЕ ТЕМЕЛИ НА ПОСТИГНУВАЊА

Европа да, врз основа на реални критериуми, порачал премиерот Христијан Мицкоски во Брисел. 

Тој на социјалните мрежи информираше дека имал средба со првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел на кој порачал дека е за Европа, но исклучиво врз база на реални критериуми.

„Имав средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Разговаравме за европската иднина на регионот и нашите потенцијали. Европа да, врз основа на објективни и реални критериуми“, напиша Мицкоски на Фејсбук. 

Тој претходно се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. 

Мицкоски побарал Брисел да не додава зачини во процесот за евроинтеграции. 

БУГАРИТЕ РЕАГИРААТ НА ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ

Според европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев, во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Ваква изјава даде за БНТ.

„Очигледно е дека актуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Тие бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со клеветење на Бугарија“, вели Ковачев. 

Рече дека Бугарија не дала повод за вакви провокации.

Во Бугарија има бурни реакции поради изјавата на вицепремиерот Александар Николоски дека домаќинот е нецивилизиран затоа што на средбата на бугарскиот претседател Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Софија, немаше македонско знаме. 

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, бара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој ги нарече Бугарите „нецивилизирани“ и изјави дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја.

MAЖ ОД ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ПОЧИНА ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА

Вкупно четири лица годинава починаа од компликации од Западно-нилска треска, откако Институтот за јавно здравје пријави смртен случај на 78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, на Клиниката за инфективни болести.

Заболувањето кај пациентот е пријавено на 12 септември, а лицето починало четири дена подоцна.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во последниве години, многу се говори за органското производство на храна и какви бенефити има од употребата на вакви производи.

Државата има депониран запленет канабис за медицински цели со висока вредност од претходните акции што ги изведе против правните лица на кои им беа одземани лиценците по полициските акции, но неизвесно е дали ќе може да го продаде, односно да го наплати.

Во последниот ден пред да бидат разрешени генералниот директор и уште двајца директори и членови на Управниот одбор купиле 250 мобилни телефони за потребите на МЕПСО за кои компанијата ќе плати 59.000 евра

Популарната Савка Европа, сега пензионерка, е првата жена генерална директорка во Македонија, која со АД Европа раководеше 30 години.

Слично

Поврзани вести