Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го поддржи францускиот предлог, бара избори и најавува триумф

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го поддржи францускиот предлог, бара избори и најавува триумф

МИЦКОСКИ БАРА ИЗБОРИ

За францускиот предлог за кревање на бугарското вето, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е капитулација без одлагање. 

Наведе дека во тој предлог, за кој власта тврди дека не го видела, има услов за внесување на Бугарите во Уставот, уцени, ама нема датум. Рече дека тоа се крајно неразумни протисоци. Со овој предлог вели дека одиме во бугаризација, а во ЕУ можеби никогаш нема ни да влеземе. 

„Одбиј го овој предлог, ние стоиме позади тебе, не го слушај менторот“, му порача на премиерот Димитар Ковачевски.

Вели дека нема да прифатат никаков понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако тој предлог го прифатат, вели дека нема да почитуваат ништо. На властите во Софија им порача дека ги оддалечуваат двата народи. Наместо да ни помогнат, тие не кочат и тоа не се европски вредности. Потсети дека за промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. 

„Додека јас сум претседател, нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања во него“, рече Мицкоски. 

ОСМАНИ НЕ ГО КОМЕНТИРА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вели дека кога ќе дојде време ќе го кажат ставот за францускиот предлог, а засега тие не го добиле предлогот формално. 

Кажа дека со внимание ги следи сите објави и реакции за францускиот предлог. 

„Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме“, изјави Османи.

Ќе почекаат и земјите членки да го кажат својот став. 

РАДЕВ ИМА УШТЕ БАРАЊА, А ТРИФОНОВ ВЕЛИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НЕ ПОСТОИ

Бугарскиот претседател Румен Радев покажува дека е задоволен од францускиот предлог за кревање на ветото, но тука не застанува и има уште барања. 

Вели дека барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија мора да се направи пред почетокот на преговорите.

„Францускиот предлог е чекор во вистинската насока, но уште голем број прашања треба да се разјаснат пред да се укине ветото“, вели Радев.

Тој бара и јасни механизми и мерливи критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражбата и фалсификувањето на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и за зачувување на бугарското културно наследство, искоренување на говорот на омраза, рехабилитација на жртвите само затоа што се нарекувале Бугари.  Радев бара гаранции. 

Претседателот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов забележува зошто во францускиот предлог има „македонски јазик“ и се зборува за малцинство. 

Тој вели дека во Македонија нема бугарско малцинство, туку има Бугари. 


фото принтскрин

Слично

Поврзани вести